Изминатата седмица во брак стапија Мартин од Некст Тајм и Виктор Апостоловски со своите сакани, а принова добија Павле Камилоски и Ирина Дишовска, како и Пере од Нокаут, кој од болница ги зеде сопругата Јована и 4-тата ќерка Ирис. Антониа во транспарентен црн фустан во 9-иот месец од бременоста, а Елена Најдоски во впечатливо издание на свадба...
„Ваква љубов раѓа 3.450g и 52cm“, напиша на Инстаграм сестрата на Павле, Софка Камилоска, која објави фотка од среќните родители кои се бакнуваат преку прозорец по породувањето на Ирина.
„Ивана не знаеше за запросувањето, а се случи на еден од најмодерните и најголеми плоштади во светот, Пантеон. Бевме на вечера во ресторан, кога дојде нашиот познат виолинист Виктор Ангелов, и почна да ни ја свири Sarà Perché ti Amo. Тогаш ја запросив“, открива за CRNOBELO.com водителот Миро Кацаров.
„Еднаш се женам“, вели за CRNOBELO.com пејачот Виктор Апостоловски, кој денес во Битола прави голема свадба со својата девојка Милена Доневска.
Македонските претставнички Нина Црнокрак, и сестрите Лаура и Дебора Стефанови, се натпреваруваа на интернационален избор за убавина во Бугарија и трите освоија титули.
Сѐ на сѐ, не постои цена и ниедни пари на светот кои можат да го заменат тоа уживање, сите мои емоции, збогатени од повратните емоции на сите околу мене“ – вели за CRNOBELO.com Лидија Илиевска, наша уметница чијшто мурал краси еден од ѕидовите во апартман во Неа Врасна, Грција.
„Малечко мое, се ближи крајот. Поминавме многу заедно, а тек што нè чека. Бројам ситно да те гушнам. Знаеш дека сме посилни од сè. Знам дека ќе бидеш мојот борец, мојот силен, мојот крал. Моја копија! Те чекаме. Те сакаме“, напиша Антониа Гиговска.
Биотехнологијата е гранка на инженерството која се занимава со индустриска преработка на суровини, во лаборатории и пилот-постројки, со цел да се добијат производи со висока вредност, под дејството на микроорганизми, животински и растителни клетки, ензими и клеточни компоненти.
„Си ги најдов алиштата здиплени во корпа и оставени покрај скали. Со соседите секогаш така си оставаме покрај скали, си се 'тинтраме' без да си пречиме“, Снешка Трајковска на Фејсбук сподели една приказна што ќе ве натера да размислите што значи да имате добри соседи кои се секогаш тука за да ви помогнат.
„На нашата улица, која е како удолница, буквално течеше река. Водата се задржуваше во дворовите, гаражата ни се поплави, па ноќеска сите заедно ја исфрлавме водата. Луѓето беа на улица до доцна во ноќта, ја чистеа водата“, вели за CRNOBELO.com пејачот Александар Белов кој живее во Крагуевац.
„Не можам да ви опишам колку не ми се важни веќе материјалните нешта. Една чанта плус или минус - ништо не менува. Бидете среќни со тоа што го имате, бидете среќни дека сте живи“, вели нашата докторка Марија...
„Секое девојче сонува, еден ден, да биде принцеза од бајките. За мојот најпосебен ден во животот, тој сон стана реалност“, напиша Кристина Неделковска на Инстаграм, а сега сподели и фотографии од свадбата со Адам.
Во рамките на еколошката акција Генералка Викенд 2023, што од 12 до 14 мај по трет пат се спроведе во 51 општина и повеќе од 300 училишта и градинки низ државата, се собрани рекордни 252 тони отпад.
„Споделувам со вас една недела по операцијата, само затоа што баш тие што споделиле исто или слично искуство, мене ми помогна да прифатам многу брзо. Мојот гостин е господин Хочкин или најблиску кажано - леукемија на лимфна жлезда...“, споделува Ивана (32) од Прилеп, која ја добила оваа дијагноза по породувањето со второто дете.
„Среќен роденден Јаков“, напиша Драган Спасов - Дац и објави две емотивни фотки од синот, на едната Јаков е мало детенце покрај татко си, а на втората ја држи во прегратка својата ќерка Гаиа.
„Поздрав од Џерба, мирно место со долги песочни плажи, идеална клима, луѓето кротки, некако сè е мирно, буквално да ти одмори главата. Сè ти е ново, интересно, камилите се посебна атракција, градбата на хотелите и целиот ентериер го одзема здивот. Имам многу добро чувство дека ќе станува сè подобро и поубаво“, вели Јелена Спенџарска која ужива во Тунис.
„Знам дека не сум активна и можеби ми замерувате, но конечно се чувствувам спокојно. Ми требаше одмор и одморив убаво. Е сега за кратко доаѓаат слатките маки, па вака насмеана се спремам и за нив. Да бидам искрена, како се ближи крајот, така стравот е поголем. Ама ние жените сме јаки, издржуваме сè“, напиша Антониа.
„Низ порази и победи, низ милости и немилости, еве нè, пред Бога рековме „да“! Беше тука и кога многумина би се откажале, но ти не, тука си...“ – пејачот Давид Темелков ги објави официјални фотографии од свадбата со хрватската водителка Елена Јунг и ѝ посвети емотивна објава.