Главната разлика помеѓу биохакирањето и биотехнологијата

Автор: Д-р Јана Клопчевска, Технолошко-Металуршки факултет, УКИМ, Скопје

Биотехнологијата е гранка на инженерството која се занимава со индустриска преработка на суровини, во лаборатории и пилот-постројки, со цел да се добијат производи со висока вредност, под дејството на микроорганизми, животински и растителни клетки, ензими и клеточни компоненти.

glavnata-razlika-megju-biohakiranjeto-i-biotehnologijata-02.jpg

Биотехнологијата опфаќа научни дисциплини коишто ги проучуваат биологијата и технологијата, заедно. Местото каде се случуваат транформациите во биотехнологијата е позната како “био простор”  или простор за хакирање.

Биохакирањето, е познато како човечко подобрување, или „направи сам“ биологија, насочена кон подобрување на, здравјето и благосостојбата на човекот. Главната разлика помеѓу биохакирањето и биотехнологијата е во тоа што биотехнологијата е регулирана индустрија, додека биохакирањето е повеќе „експериментално“.

Новата „Отворена градска лабораторија“ е првиот биохакинг простор од ваков вид во државава, каде може да се најде мобилна опрема којашто ја покрива целокупната биотехнолошка дејност, како опрема за екстракција на етерично масло, опрема за мелење, сушење, пресување, брикетирање, но и опрема за синтетска биологија или секвенционирање на микроорганизми, PCR техника и брзи микробиолошки тестови, флуоресценција и слично.

Овој простор е создаден за граѓаните и претставува лабораторија во којашто може да се прифати секаков вид на отпад и да се трансформира во корисен производ. Досега лабораторијата беше посетена од страна на неколку амбасади, гости професори, 20 индустрии од прехрамбениот сектор, основни и средни стручни училишта од Скопје и скоро сите професори по предметите хемија и биологија на средните стручни училишта од Р. С. Македонија.

Младите имаа можност активно да работат во лабораторијата, да биохакираат идеи и направат зачетоци на идни бизнис планови, прототипови на отворен повик, за во иднина најдобрите идеи да бидат претставени пред инвеститори.

glavnata-razlika-megju-biohakiranjeto-i-biotehnologijata-01.jpgОтворена градска лабораторија

Интересен пример за слична лабораторија може да е најде на следниот линк: https://longitudeprize.org/blog/biohacking-lab-science-for-everyone/

Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Стефан Лазаров и сопругата направија откривање на полот на детето - со торта на плажа (видео) Се прегнуваат и бакнуваат на плажа, откако открија кој пол е нивното бебенце. Ст...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...
Драгана од Скопје си ја изгуби алката со отпечатоци од родителите на Водно – девојка ѝ ја најде и ѝ ... „Накит и да го пронајде некој, нема начин да го пронајде сопственикот, затоа обј...
Јован е уште еден суперхерој кој заѕвони на ѕвончето на Детска клиника во Скопје – ја освои тешката ... „Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот супер...

Најчитани неделава