„Што е жената? Ќе ја исплаче душата и за еден час излегува надвор како најсилна „риба“. Никогаш нема да можеш да победиш жена...“, порача Антониа на Инстаграм, па ги повика фановите да го погодуваат полот на нејзиното бебе.
Маја и Дарко Панчеви, Ленче Дедејска и Горан Кукиќ, Зуица Лазова и Наум Петрески... некои љубовни приказни на македонската сцена траат долго и се синоним за љубов, разбирање, верност, посветеност и среќа.
Нашата водителка, позната како Нина Ред, ја покажа својата уметничка страна и ги остави со подзинати усти сите со моќниот перформанс со ангелски крилја на себе, на ревијата на Ива Спасовска. За CRNOBELO.com таа вели: „Женствената, сексапилната енергија што ја имаме, е згасната, толку потисната со векови наназад, време е да си ја вратиме живоста, да се вратиме на тоа што сме - жени“.
„Изминативе 24 часа ми пристигнуваат илјадници пораки и преубави коментари за ‘Нијагара’. Се радувам, но со мала задршка, зашто со моја Хана неколку ноќи минавме во болница, каде таа имаше мала рутинска интервенција“, напиша поп-пејачката Тамара Тодевска и објави фотка од болница со својата ќерка.
Во црн, елегантен комбинезон, со ракавици и сребрен, светкав накит, Антониа Гиговска, блесна во бременоста, на настап на ревијата на Ива Спасовска и откри дека ѝ било убаво да прошета со трудничко стомаче.
„Еве вака го постигнав мојот нов рекорд, мирно смирено и среќно. Бетика беше тргната цели 4.286 километри за да си го собори сопствениот рекорд од 2018-та кој што ми беше -33C°...“, вели Бети Котовчевска (27) од Ресен кој во Лапонија ги тестира своите граници.
„Толку сум возбудена што ќе ја запознаам личноста, која е половина јас, половина ти“, напиша емотивна посвета Марија Петровска за сопругот во опис на фотките од нејзината трудничка фотосесија.
„Нека стои ова овде. Само за да се потсетам секогаш кога нема да ми се станува за на тренинг и кога ќе сакам да ја изедам пола маса“ – напиша до фотографиите од трансформации на телото нашиот водител Димитар Атанасовски.
Туна Сејдиу посекси од кога било, Перо Антиќ во елегантно издание, Огнен Здравковски се дружи со неговиот идол Здравко Чолиќ, а Антониа Гиговска се пожали на акните во бременоста....
Откако на Инстаграм сподели фотографии со мистериозен маж, за кој напиша дека се вика Филип, многумина почнаа да се прашуваат дали е тоа новиот дечко на Ноне.
„Денес е Младенци! Господ нека нѐ дарува сите со долг, успешен и среќен брак и многу дечиња“ – напиша Елена Најдоски на фотка од свадбените свеќи кои денес догоруваат во црква. Кои други македонски познати парови денес го слават денот на младите?
Од пациенти коишто се јавуваат само за главоболка до сериозни случаи каде што животот навистина е загрозен. Тимовите на Итната медицинска помош добиваат најразлични повици, а младата јутјуберка Анастасија (10) направи видео во кое откри како функционира оваа мошне битна институција.
Туна Сејди со синот на Занзибар, Ведрана без шминка ужива во убавините на Бали, а Ксенија Николова позира со партнерот во Дубаи – кои македонски дами не дочекаа да дојде летото и заминаа на егзотични дестинации за плажа, бикини и бесконечно сонце?
Каролина и Елена, Игор и Весна, Тино и Атанас... постојат некои такви пријателства на македонската јавна сцена кои се искрени и траат со години.
„Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага... Низ главава ми експлодираат спомени“ – напиша Игор Џамбазов по веста дека легендарниот актер Димче Мешковски почина на 77-годишна возраст.
„Офф каков викенд“ – напиша до фотографиите нашата, а светска, Катарина Ивановска, која се фотографираше вофустан од познат француски бренд - чини 15.000 денари, а го носи подобро од моделите кои го промовираат.
„Немам направено корекции на себе, природно си е природно – освен јога, вежбам и фитнес, 3 пати неделно, а во однос на исхраната, не се придржувам до одредена диета. Добивам секакви коментари, најдраго ми е кога ги инспирирам за вежбање, а од машката популација секогаш имам „креативни“ пофалби“ – вели за CRNOBELO.com Евгенија, една од најеластичните Македонки, која има 48.000 Инстаграм следбеници.
„Добар задник, брате и среќен роденден“ - стои во натписот на тортата, која е во тон со секси аутфитот од латекс, во кој Ана Стојанова, една од најследените онлајн фитнес тренери кај нас, го прослави својот 29-ти роденден.