„Македонската империја била една од најголемите империи во Европа, со површина од 5,2 милиони километри, поголема од Римската и од Отоманската империја“ – со овие зборови малиот Македон од Тетово го започнува своето излагање во видеото.
Македонскиот трубач со интернационална кариера Џамбо Агушев стана татко по третпат. Тој убавите вести ги објави на социјалните мрежи каде сподели фотографии од породување.
„Ме запроси сосема во наш стил, си седевме по дома, баравме кој филм да гледаме и ми кажа ‘Абе, ќе ми бидеш жена’ (не во прашална форма) и едноставно двајцата знаевме дека тоа е тоа“, вели Софија за CRNOBELO.com на нејзиниот свадбен ден со Јаков. Каква е атмосферата на свадбата на синот на Драган Спасов Дац?
„Ова е баба Милка, 79 години, со вештачки колк. Баба Милка качи две насоки на Бислимската Клисура.“ Баба Милка е царица!
„Скоро сите нови станови обично гледаат во друг бетонски ѕид, зеленило е мисловна именка, а кога отвораш врата од стан се удираш во паркирана кола. Повеќето скопски станови се како затвори, без никаков поглед на хоризонт...“, го искажува својот револт од потрагата по стан во нашиот главен град нашата ликовна уметница Инес Ефремова. Се согласувате ли?
Ведрана Ѓорѓевиќ, некогашната најатрактивната метео девојка во Македонија, периодов ужива со саканиот на Малдиви – таа е во врска со диџеј од Србија.
Во дворчето на овој наш локал е вложено многу време и љубов и има неверојатни 440 петунии и експлозија од бои. Дефинитивно инстаграмџиски рај...
Во 31-та недела од бременоста Сара Мејс во бикини издание се релаксира на плажа во Турција со семејството.
По медениот месец на Малдиви, парот објави професионални фотографии од нивната бајковита свадбена прослава, на која и Александар Тарабунов се фати за микрофонот, а забавата продолжи до раните утрински часови со диџеј.
По појавувањето на „Златна бубамара на популарноста“, актерот ужива во семејната идила со саканите покрај море во Грција.
Убавата 26-годишна Македонка го освои срцето на колумбискиот фудбалер, кој играше за Работнички 5 години и доби македонско државјанство. Парот блесна на свадбената церемонија...
Драган Спасов Дац со торта инспирирана од филмскиот серијал „The Lord of the Rings“ сподели дека добил снаа што ја сака како ќерка, Викторија Лоба со саканиот ужива на море во Грција, а Жарко Димоски објави и видео од медениот месец на Малдиви.
Топлите летни денови веќе подранија, но оваа мајска сабота во Скопје нешто сосема ново ја промени дефиницијата за што е навистина жешко.
Во црвена и розова тоалета романската пејачка позираше на неколку локации покрај Охридското Езеро што веќе со години наназад се омилени кај корисниците на Инстаграм.
На тераса во руинирана зграда во Скопје, коњот бил оставен сам на себе без храна и без вода. На социјалните мрежи на Скопје ЗОО се објавени фотографии од спасувањето на коњот што се појави во напуштена зграда во скопско Дебар Маало.
Поради немање доволно простор, две од четирите мечки во Скопје ЗОО се испратени во резерват во Швајцарија, додека останатите две сега ќе добијат поголемо, но и поубаво живеалиште во зоолошката.
„Дали има на овој бели свет поубаво девојче од Македонче?“, се согласувате ли со стиховите на нашата култна песна? Нашата Марија од Штип е уште еден доказ за тоа.
„Моја животна желба ми беше да бакнам делфин, па кога стигнавме таму тој ми рече дека сега е вистинскиот момент за остварување на мојата желба Додека јас пливав со делфинот, Александар успеал да организира инструкторот да ме задржи повеќе од предвиденото и тој да влезе со прстенот...“, раскажува Симона Тодоров ( 22) од Штип за CRNOBELO.com.