Се ожени синот на Дац – ексклузивни фотографии од свадбата на актерот Јаков Спасов и неговата сакана Софија

„Ме запроси сосема во наш стил, си седевме по дома, баравме кој филм да гледаме и ми кажа ‘Абе, ќе ми бидеш жена’ (не во прашална форма) и едноставно двајцата знаевме дека тоа е тоа“, вели Софија за CRNOBELO.com на нејзиниот свадбен ден со Јаков. Каква е атмосферата на свадбата на синот на Драган Спасов Дац, која се случува денес?

se-ozheni-sinot-na-dac-ekskluzivni-fotografii-od-svadbata-na-akterot-jakov-spasov-i-negovata-sakana-sofija-01.jpg

Денес (27 мај) актерот Јаков Спасов, синот на Драган Спасов Дац, прави свадба со својата избраничка Софија Христова, односно веќе Софија Спасов.

За расположението на свадбената церемонија се задолжени бендот Бета Хаус и диџејот Александар Јорданов и, се разбира, легендарното дуо Дац и Александар Митевски.

se-ozheni-sinot-na-dac-ekskluzivni-fotografii-od-svadbata-na-akterot-jakov-spasov-i-negovata-sakana-sofija-06.jpg

Софија (28) работи како маркетинг менаџер и графички и ui/ux дизајнер, ко-сопственик на компанија за software development и ко-основач на невладина организација за интеграција на деца од ранлива категорија, а пак Јаков (31) е актер, кој веќе три години е вработен во Театар Комедија.

Тој моментално игра во претставите „Клетвата на Скотје“ и „Вечера за глупаци“. Претстави во кои играл досега се „Мајсторот и Маргарита“, „Венецијански трговец“ и „Метод“.
Има глумено и во неколку епизоди на сериите „Преспав“ и „Фамилија Марковски“, како и неколку споредни улоги во повеќе македонски филмови.

se-ozheni-sinot-na-dac-ekskluzivni-fotografii-od-svadbata-na-akterot-jakov-spasov-i-negovata-sakana-sofija-02.jpg

Јаков веќе 20 години се занимава и со синхронизација на цртани филмови и серии.

Софија за нивната љубовна приказна на нивниот свадбен ден, кусо ексклузивно за CRNOBELO.com вели:

„Заедно сме речиси една година, ама се чувствувам како да се знаеме цел живот. Се запознавме на Инстаграм и од првиот „дејт“ (состанок) во живо беше љубов на прв поглед и сѐ некако лесно ни тргна, ептен многу се погодивме карактерно и знаевме дека сме еден човек во две тела.

Ме запроси сосема во наш стил, си седевме по дома, баравме кој филм да гледаме и ми кажа „Абе, ќе ми бидеш жена” (не во прашална форма) и едноставно двајцата знаевме дека тоа е тоа.“

Атмосферата на свадбената церемонија на Јаков и Софија:

se-ozheni-sinot-na-dac-ekskluzivni-fotografii-od-svadbata-na-akterot-jakov-spasov-i-negovata-sakana-sofija-05.jpg

se-ozheni-sinot-na-dac-ekskluzivni-fotografii-od-svadbata-na-akterot-jakov-spasov-i-negovata-sakana-sofija-07.jpg

se-ozheni-sinot-na-dac-ekskluzivni-fotografii-od-svadbata-na-akterot-jakov-spasov-i-negovata-sakana-sofija-03.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 години без Тоше, блиските се сеќаваат на него: „Откако си замина го обои октомври во најтажните б... „6 часот и 20 минути, кога цела Македонија се разбуди од плачот на универзумот.&...
Драган Спасов Дац со фотка од детството за роденденот на мајка си: „Сите мајки се добри, но само едн... „Мојата мајка се вика Лидија и таа е најдобрата и најубавата мајка на светот. Ја...
Позитива на денот: Дац и Александар им пеат на вработените во кујна во ресторан во Кавадарци (видео) Додека настапуваа во ресторан во Кавадарци, Дац и Александар не заброавија на пе...
Драган Спасов Дац со моќна објава: „Најтешко во моето детство не беа караниците. Најтешка беше тишин... „Ако се препознавте во овој текст, вие сте човек кој преживеал дом во кој болкат...
„Мајко, стигнав, ова е за тебе“: Антонио истрча 600km до Острог за да собере пари за Детската клиник... „Мајко… Стигнав. Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно. Твојот сон сега ...
Драган Спасов Дац со моќна објава за бракот: „Да се живее со човек што го сакате, значи и да се пецк... „Заедничкиот живот во брак не е лесен и тешко е да се одржува во рамнотежа секој...

Најчитани неделава