„Албум со омилените фотки од првите неколку дена со тебе“ – напиша инфлуенсерката Ангела Ѓорѓиева до новите фотки од синот Алек, кого го роди пред само десетина дена.
Со другарките стигнавме во моментот кога почна првата точка - пејачот Даниел Данн, гол од половината нагоре и свртен го грб, почна да го пее хитот на Queen, I Want to Break Free, додека танчарките му облекуваа жолта јакна, во стилот на Фреди Меркјури. Како си поминав на премиерата на новото кабаре „Еуфорија“?
Бременоста на партнерката и раѓањето на бебето, кое дојде на свет минатата недела, Лозано ги чуваше во тајност.
Сопругата на нашиот ракометар сподели неколку фотографии на Инстаграм и откри дека таа и Филип овој октомври ќе станат родители.
Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабунов, а иако ретко, тие знаат да споделат по некоја заедничка фотка од нивните патувања или моменти за славење како магистрирањето на неговата девојка.
Александра, партнерката на Атанас Атанасовски, сподели идилични семејни фотографии со актерот и нивните две деца - ќерката Една и синот Павле.
„Јас бев единствениот фотограф од Европа и ми беше огромна чест што работам со Ели Сааб, на моменти ми изгледаше нереално. Во бекстејџот беше навистина хаос и стресно - сопругата на Сааб беше таму и помагаше, а и тој самиот правеше финални корекции на некои од моделите“, вели нашиот Стефан Соколовски за CRNOBELO.
„Факт е дека не го гледав бебето сама, имав два пара баби и дедовци, кои секогаш беа тука за сè и сешто како војници, а јас си играв со малиот, јас бев таа што го занимаваше, бев баш дете и растевме заедно...“, вели Дани Димитровска за раѓањето дете на 21 година.
Новинарите Славица Арсова и Александар Спасовски видно ослабени, фолк пејачката Стојне Николова со смел црвен фустан со отсечок на стомакот, Кристина Димитри со долги нокти на нозете... Познатите на забавата на Бекстејџ.
„Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама само еден ќе биде до тебе кога ќе си во пижами и болна...“
„Македонскиот традиционален вез отсекогаш ми бил доста инспиративен и сум сакала да го насликам на парчиња гардероба или во случајот на старки. Сакав да направам еден спој на традиционалното со современото“, вели Билјана Јуруковски за CRNOBELO.com.
„Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голем предизвик и не прават таков чекор, оставајќи ги своите амбиции за подоцна. Но, јас го видов ова како можност да покажам како мајките можат да се инспирираат меѓусебно“, вели скопјанката Ангела, која со своето бебенце беше на неколкудневна рабботилница во Охрид.
„Во овој месец на рак на дојка јас не можев повеќе да одговарам на прашања, освен да ви ја покажам фотографијата која може да ги замени сите ваши шминки, филтри и фотографии од храна, коишто ги гледаме по социјалните мрежи...“, изјави Весна Петрушевска на сцената на роденденот на Бекстејџ.
На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, костими, елеганција, но и многу, многу музика и награди. Атмосферата на 17-тиот роденден на Бекстејџ...
Момчето вљубено во музиката, кое остави силен печат на нашата сцена, се соочи со многу тешки животни мигови, како дијагнозите спина бифида од раѓање, па леукемија, па смртта на мајка си... Денес, живее на релација Гевгелија - Минхен и со божјата моќ која лекува вели дека сака да продолжи посилен и да ѝ се врати на музиката.
Во редакција на една македонска радио станица цел ден слушаме песни од Тоше Проески и се ежам... Миа Костова, пак, на овој тажен ден вели: „Јас сум една од оние кои не слушаат негови песни и менувам радио станица ако го слушнам. Едноставно немам сила за неговиот глас и никогаш не се помирив дека замина“. Тоше, непребол си ѝ на цела Македонија!
Нашата прекрасна русокоса дама од ТВ екраните Билјана Дебарлиева веќе 30 години е во хармоничен брак со саканиот Јован, а круна на љубовта им се двете деца, Ана и Мики. Саканиот Јован ѝ напиша емотивна посвета за годишнината.
Во друштво на своите другарки Катарина ужива во лудите забави на Ибица.