„Во скопскиот регион оваа недела ќе биде натпросечно топло, но повремено можна е ретка појава на краткотраен пороен дожд“, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Среќно деца мои“ – напиша Тамара, која заедно со Лука ги испрати на првиот школски ден Дарен, кој е прваче и Хана, која почнува 3-то одделение. Кои познати Македонци денес имаат првачиња?
„Претходната година имав дете на кое му се потсмеваа дека носи храна од дома, беше потсмевана и за стилот на облекување –‘Со чорапите на татко ти доаѓаш во училиште’, ‘Не ти е срам да доаѓаш со дуксер како вреќа?’, имавме и: ‘Не мислат твоите дека ти треба нов телефон?’..., споделува мајка од Македонија на Инстаграм.
Се одржа 31-вото издание на фестивалот Охрид Фест, а Марјана Станојковска уште еднаш докажа што значи гламур и елеганција на сцената, овојпат во придружба на актерот Дејан Лилиќ. Eлена Најдоски со златен фустан со корсет на журка на Миконос, а Антониа Гиговска без грам шминка.
„Првиот училиштен ден како прваче некако ми е низ магла, но се сеќавам на трема и страв“ - вели Миа Костова во одговорот на анкетата на CRNOBELO.com за тоа какви спомени ѝ буди 1-ви септември. Какви спомени носат уште неколку други познати Македонци?
Антониа Гиговска често вели дека жените се најубави природни, Каролина ужива без шминка на плажа, Татјана Стојановска објавува ретки фотки од негуваното лице без шминка – познати македонски дами кои изгледаат прекрасно и кога се во природно издание.
Елена, која се забавува на женскиот викенд, повторно привлекува внимание со стилот - особено впечатлива беше комбинацијата од бел фустан со шлиц до колкот во комбинација со златни високи чизми.
„Дента го славевме мојот роденден, а Коста инсистираше да одиме пред скулптура која требаше да гори, но организаторите на фестивалот го одложија палењето поради невремето. И тогаш клекна во кал и беше многу романтично“, вели Ивана од Куманово за уникатното запросување во пустина.
„Нека ми е среќен првиот роденден во еден нов почеток. Ви го посветувам на сите вам, илјадници километри далеку од мојот дом, но со полно срце љубов од сите вас“ - напиша Зоки Фаци на Инстаграм.
„Минки дојде во можеби најтешкиот период во мојот живот. Дојде како знак, како светлина. Пеколен период за мене, но почнува нов живот. Минки е првата страница на новата книга“, напиша пред 3 месеци Весна Петрушевска за својот миленик.
Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведената операција, а Македонија се радува со нив. Браво хумани граѓани!
„Знаете дека некои дечиња нема да тргнат првиот ден на училиште со останатите? Знаете дека нивните родители се во неизвесност, во паника, во хаос... Зошто? Па, затоа што децата им се ‘посебни’...“, вели Емилија Златкова-Анастасова, чиј син треба да тргне во шесто одделение.
Пејачката и балерина, Лара Иванова, на новите фотографии изгледа одлично во бикини и доби многу комплименти дека е прекрасна.
„Славиме 19 неверојатни години заедно со мојата убава сопруга Марија Мијалковска, која е прекрасна мајка на нашите деца...“, гласи објавата на Дарко Мијалковски по повод 19 години брак.
Младенците Елена и Стојан Спасевски донираа 30 пакети школски прибор во Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба во Скопје...
Весна Петрушевска ги збуни своите следбеници со емотивна објава на својот Инстаграм профил, но на нејзина адреса веднаш стигнаа лавина од реакции како поддршка во вид на срциња под објавата со опис „Почеток“.
Јоце Панов ужива на море со синот Лука и сопругата Марина, а неговите следбеници на Инстаграм му напишаа дека се прекрасно семејство.
„Чиста не е. Ама десетка е. Честита годишница љубов моја. Држ' се цврсто. Не ветувам дека ќе биде совршено, но ќе те љубам засекогаш“ - Сања со многу емоции му ја честиташе годишнината од брак на Слаткар.