„Пред 10 месеци ми беше откриен тумор на мозокот и никој немаше голема надеж за мене, дури ни докторите немаа... Само семејството и блиските веруваа во мене и тие беа постојано покрај мене, така што јас ако денес сум тука за да ја примам оваа награда, тоа не е благодарение на мене, туку е благодарение на Господ, на пријателите, на моето семејство, а најмногу од сè на Едмонд“, му се обрати Александра Шијакоска на саканиот при подигнување на наградата „Инфлуенсер на годината“.
Владо Јаневски обожава да прави храбри модни избори, па така и овојпат се појави во впечатливо издание на подигнување на наградата за повеќедеценски континуиран придонес во домашната популарна музика.
„Прекрасно“, „Колку е убаво, мојот роден град е најубав на свет“, „Убавина и рај за очи и душа, дури и за нас кои не сме во Паланка, но верувам дека е уште поголема радост за децата и сите жители таму“ се само дел од пофалните зборови за празнично украсената Крива Паланка.
Од џиновски лижавчиња до спектакуларно украсен автомобил џип, локал во Скопје е вистинска новогодишна бајка.
Драган си оди дома... Емотивни фотографии од испраќањето дома на пациентот на кој му беше изведена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија.
„Надарен“, „Драган Таневски“, „Нула“, „Маж со трауми од детството што го малтретирала мајка му“ се дел од хит одговорите на прашањето на наша Твитер корисничка. Вие како би го нарекле мажот кој ќе расплаче жена?
Со двајца суперхерои, многу балони и торта по негов вкус, Дарен го прослави 4-иот роденден. Тамара Тодевска елегантна во бела кошула со стајлинг сличен како синот на роденденската прослава.
Oд Охрид до Скопје, кои се најубаво украсените локални низ Македонија? Имате ли некој предлог плус?
Тамара Тодевска објави фотографии од малиот Дарен од болница, направени веднаш по раѓањето, но и од секојдневието со него, а со емотивна честитка се огласи и Тијана Дапчевиќ и откри дека Дарен е најголем фан на Златан Ибрахимовиќ.
„Ако сте забележале, скоро сите елки како по наредба се украсуваат со огромни идентични лампиони, во максимум две бои, симетрично, под конец. Лентите и сијаличките исто така. Сѐ е совршено скоцкано. Но, само мене ли ми се чини дека фали нешто? Кога јас бев дете, елката беше троа искубана, и сигурно постара од мене. Лентите и да сакавме не можевме да ги наместиме симетрично, толку беа извиткани од стоење по кутии со години. На елката немаше два исти лампиони…“, е дел од статусот кој ќе направи да ве преплави ретро носталгија со мирис на детство.
„Буквално почувствував како музиката тече низ нечии вени. Таква страст одамна немав видено, секоја нота, секој потег, секоја насмевка беа на место, а публиката во преполната сала само се обидуваше да впие барем дел од енергијата кои овие врвни музичари ја носеа. Се танцуваше, се ракоплескаше до болка во дланките, а овој балкански бенд нè почести со поздрав на македонски јазик, но и изведба на нашите „Море сокол пие“, „Македонско девојче“ и „Јовано, Јованке“...“
Владо Јаневски објави видео со неколку фотографии од Маја Миа и напиша за неа: „Кој не ја познавал, тој не знае како е - кога убавината е и однадвор и одвнатре“, Јана Серфимова ја посети Будимпешта и се дружеше со брат ѝ, спортист, а пак Елена Ристеска со Бомбакис испрати моќна порака преку напис на картон.
Погледнете го видеото од доделувањето на пехарот. Македонија по вторпат е светски шампион во Counter-Strike: Global Offensive, откако утрово ја победивме Монголија со резултат 3:1.
Лара, Ирина и Јован имаа одличен настап на сцената во Еревен, Ерменија во рамки на Детската Евровизија 2022, а по гласањето го освоија 14-тото место. Погледнете го видеото од настапот на нашите претставници на јуниорскиот Евросонг.
Попладнево во 15.59 часот завршува гласањето за победникот на Детската Евровизија 2022. Гласањето е бесплатно, а погледнете како можете да ги поддржите нашите претставници и да им помогнете да постигнат што е можно подобри резулатити.
И во помалите градови има одлични локали кои внимаваат на тематското китење во овој празничен период. Во Валандово тоа е „Кафедра“, а кој локал од овој тип го имате во вашиот град?
Уметноста нема копче, сега ја вклучуваме и е присутна, потоа ја исклучуваме и ја нема. Уметноста е начин на живот. Уметноста ги стимулира креативноста и имагинацијата...
„Поговорката ‘Не знаеш денот што ти носи’ ја осетив на моја кожа на Митровден, кога тргнав на адреналинска авантура, а завршив во болница. „Секое лошо за добро е“ исто така го осетив на моја кожа“ – вели младиот Стефан Спирковски кој пред еден месец имаше несреќа со квадрицикл на Караџица.