Нашиот претседател Стево Пендаровски со првата дама Елизабета Ѓоргиевска се дел од церемонијата за збогување со кралицата... За оваа пригода нашата прва дама се појави во црна креација со бисерен ѓердан и обетки.
Андреј од ДНК со сопругата и ќерката во Италија и Шпанија, Антониа Гиговска со екстремно долги нокти на свадба, Влатко Стефановски на одмор на Тасос, Нина Јанева прослави трет роденден на ќерката Арија, а Сара Мејс и Димитар Атанасовски со децата во Берово...
„Oва е најубавиот ден во мојот живот, искрено да ви кажам“ – рече македонскиот јутубер Стефан Лазаров во едно од видеата во кое говори за романтичното запросување што ѝ го приготвил на неговата девојка Марта во Барселона.
Ако сакате хумор и доза „хејт“ на симпатичен начин за разни ситуации од македонското секојдневие, тогаш Инстаграм профилот „Модернизам и ренесанса“ ќе ви се допадне... Сте погледнале ли некое од видеата, кои вирално се споделуваат?
Со специјална декорација во вила во Охрид и три девојки кои ја изведуваат песната „Perfect“ на виолини, посветена на неа, Илче ја запроси сакана, за која вели: „Анита освен што ја сакав потајно цел мој живот, таа е сè што сакав, сакам и ќе сакам цел мој живот... Ми го сврте светот наопаку.“
„Уште еден ден во рајот со мојата љубов“, напиша персоналниот тренер Адам Глигороски во описот на фотките од одморот во Занзибар со неговата сакана Кристина.
Влатко Лозаноски на почетокот на септември 2022 тргна да ја освојува публиката во САД, каде на Македонците низ повеќе градови им приредува добра забава со развеани знамиња, а слободното време го користи за да прошета и да ги посети сите позначајни знаменитости.
Синооката убавица е позната по својот впечатлив изглед и луксузни изданија, а овојпат ја покажа својата природна убавина, без грам шминка и Инстаграм филтри и упати моќна порака.
„Дарин првпат ја донираше косата на 4 години, и сега вторпат, како прваче на 6 години“ – сподели на својот Инстаграм профил Александар Донев, таткото на Дарин и откри дека Дарин го прави ова за да помогне на дечиња болни од рак.
„Љубов моја, жено, кралица, ти благодарам што на свет ми донесе уште една принцеза. Се роди нашата Искра. Ти благодарам љубов моја што ме направи најсреќниот и најгордиот родител по вторпат. Те сакам...“, напиша пресреќниот Александар Трајковски, кој засекогаш ќе го паметиме по одлучувачкиот гол кој ѝ ја донесе победата на Македонија на првиот меч од квалификациите за Светско првенство.
Истото вечерно сако со диско дезен го носат дизајнерот Игор Марков и Каролина Гочева... Тој го носи со бела кошула и црни панталони, а таа како сако фустан.
Нашиот фудбалер Дарко Велковски потпиша договор со клуб од Саудиска Арабија, Сара Мејс и Димитар Атанасовски ѝ го прославија четвртиот роденден на ќерката Илина, а Верица Пандиловска со сопругот ужива во морски специјалитети во Грција.
Со свилена наметка на која пишуваше „bride“ (невеста), Викторија Лоба вчера ја најави својата свадба во Скопје, по црковната венчавка во Охрид. Лоба овојпат носеше тесна светкава венчаница и косата ѝ беше во романтични бранови.
Јавање камили, посета на пирамидите и задолжително возење низ пустините... Александар Тарабунов Тара ужива во сите активности што им се нудат на туристите во Египет.
„Ја запросив со картон на плажа и ми кажа „да“, но мене тактички ми беше избрана дестинацијата, па и да кажеше „не“ тоа во Грција ќе значеше да“, се шегува Бомбакис и за CRNOBELO.com открива детали од запросувањето и како ја изненадил саканaта Вики.
„Темата на роденденот ја одбирам сама, а фокусот е на бојата што во тој момент мене ме потсетува на убави нешта од мојот живот. Овојпат тоа беше жолтата боја, ме потсетува на сонце, свежина, топлина, на нешто ново и убаво. Оваа година ми се случија убави работи...“, споделува Јована Трајковска (24) од Свети Николе за CRNOBELO.com.
Даниел Кајмакоски деновиве на Инстаграм Стори објавуваше фотографии од плажа на кои се гледаа нозе од девојка, а сега и официјално откри дека е на одмор во Охрид со една слатка црнокоса, која најверојатно е негова нова партнерка.
Парот го однесе малиот Кирил во црква, а потоа, според традицијата, го прошета во 3 куќи.