„Јана за 7 дена порасна како за 7 години“ – напиша Наталија, сопругата на Андреј, кој пред една недела го загуби животот во трагичниот пожар.
На Фејсбук Наум сподели фотографија од една од нивните бројни дружби, направена во кафеана, на полна софра, и со музика во живо.
„Луѓето знаат да гледаат директно во туѓата несреќа. Да се насладуваат на туѓиот пекол... Но, знаеш што не знаат? Да молчат кога е потребно. Да ја спуштат главата кога не знаат. Бидете луѓе, затоа што ако го прокоцкаме и тоа... Нема ни што да се свири веќе“, вели Никола Перевски - Пере.
„Да, разбирам дека животот продолжува понатаму и сите тие реденки што доаѓаат со тоа. Меѓутоа, во оваа седумдневна жалост, неприфатлива ми е помислата на објавување фотографии, видеа од тоа како некој убаво си поминува или си го тера бизнисот“, споделува Јован Илиески.
„Немоќно стоиш и немо гледаш во фотографиите и имињата на оние кои животот си го дале за да спасат други животи. Ги гледаш сите млади, убави, полни со живот. И одново се рушиш. Животот ни се скрати на сите нам…“, пишува Марија Прличкова – Нешовска.
„По долги години обожавање на ДНК конечно дојде на ред да ве видам во живо. На прво гледање, со залет тргнав и со раширени раце да те гушнам (се мисли на Панчо). Ме виде, рашири раце да се гушнеме... како да се знаеме од мали“, пишува Снешка Трајковска, која живее во мало место во Германија.
„Летај, свири и дојди ни понекогаш во сон да се прегрнеме најсилно како што ти знаеше да прегрнеш“, напиша Ирена за својот сопруг Филип Стевановски, кој беше и директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип.
„Си замина дел од моето второ семејство, со нив и душава моја“ – се огласи Ана, вториот придружен вокал на ДНК, која заедно со Сара две децении заедно настапуваше на голем број македонски концерти, па за неа напиша: „Даденце мое, ќе те сакам додека дишам, а ќе болиш секој ден“.
„Секогаш ќе бидеш истиот каде и да си. Добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3. Со тебе растеа генерации, со твоите песни од животни ситуации. Во маало сите те памтеа по старите дружби луди. Таков си беше ти, со сите беше брат...“, споделува Aлександар Тарабунов.
„Од неделата, од тоа кобно утро, се бориме со адреналин, немир, неспокој, тага, бес, како роботи сме... Но, денес небесата на сите да ни даде сила, посебно на семејствата кои ќе си ги погребаат рожбите, кои ќе ги испратат на вечен спокој најмилите“, вели Билјана Рогожарска, медицинска сестра од Штип.
Галамата во соблекувалната ја заменија молк и солзи на фудбалерите, седнати покрај дресот на Андреј, кој тој веќе никогаш нема да го облече и запалена свеќа во негова чест.
Денеска ќе бидат погребани 59-те жртви од пожарот во Кочани. 59 млади животи кои згаснаа во само неколку минути. 59 семејства кои останаа без своите сакани.
„Преку глава од музика што молчи, од болест што нѐ толчи. Преку глава од нечиј скршен сон, од семејства без дом, од тебе и мене, и ова проклето време...“
Додека цела Македонија е сплотена во тага по трагедијата која сите ги зави во црно како никогаш досега, за жал има и такви кои се дното на ова труло општество.
Телото на Андреј ќе биде изложено во капелата од 10 часот, каде што сите роднини и пријатели, ќе можат за последен пат да се поздрават и да се збогуваат со него.
„Ах ти храбро детиште, ах ти хероју наш. За твојата храброст, хуманост, емпатија, не постои ниту едно мерило, ГОЛЕМ човеку. Горда, прегорда сум на тебе душичко наша. Заслужуваш орден Јован... Дојде од Виница само за да ги спасиш твоите другари и секој еден присутен“, пишува Анка Арсова за нашиот мал, но огромен херој од реалноста Јован Костадинов (19).
Телото на Сара за последен поздрав ќе биде изложено во Црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, во четврток на 20.03.2025 година, од 12:00 до 14:00 часот. Погребот ќе се изврши на гробиштата во Горно Лисиче.
„Рани на младите недолжни души...Раскажуваат низ солзи, како преку нив газеле други деца бегајќи од пламените, како топлината им го горела ждрелото, како чучнати во вецето го чекале судниот момент... Ноќните кошмари уште долги години ќе бидат нивен несакан ноќен придружник“ - вели во својата Фејсбук објава д-р Нико Беќаровски, за повредените кои се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија.