„Кога ме пуштија дома почнав со голема доза кортико и по некое време, преку ноќ се разбудив и главата ми беше тркалезна - најтипична нус појава. Плус несоници, задржување течности, промени во расположение. Немав многу сила ни да пешачам“, вели Сандра Кирков, која на почетокот на јануари беше задржана во болница со тешка пневмонија.