Кај Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски секогаш е забавно, па така е и периодов кога Роберт го учи нивниот син Киан да свири. „Лекција број 1“, се пошегува тој на Инстаграм Стори...
„Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘набил’ некаков лој на срце. Како да не очекувам да имам некаков здравствен проблем, кога на само 14 години имав скоро 100kg?“ - Инфлуенсерот Александар Динев искрено раскажа за својата тешка животна борба.
„Секоја чест Тања, тоа е детето во тебе“ – коментираат следбениците на актерката Тања Кочовска која објави кратко видео на кое се гледа дека скока во море со салто наназад. Колкумина од вас може да се пофалат дека можат да скокнат вака?
Тој постојано ја нарекува мајка си „супер мајка“, па така беше и годинава на нејзиниот роденден. Адријан Гаџа едноставно знае како да покаже почит кон најважната жена во неговиот живот.
„Хемотерапиите мислам дека ми го уништија животот. Во Државна болница ми рекоа дека треба да чекам до крај на септември“ - појасни новинарот Зоран Василевски во своето обраќање до јавноста, во која појасни со какви предизвици се соочува и зошто мора викендов веќе да замине на лекување во Истанбул.
Бебињата од штипската четворка, денес полнат 10 месеци, а нивната мајка Благица Митева Зикова, по тој повод одлучи денот да го одбележи со фотосесија, како што тоа го прават голем број мајки на социјалните мрежи.
Миланка Рашиќ е на летување во Египет, а пријателите ѝ коментираат дека е прекрасна и дека „грее како сонцето“...
Вечерта доживеа кулминација кога Тамара застана на подиумот покрај популарниот диџеј, па испеа рефрени од неколку светски хитови, меѓу кои и Ain’t Nobody, Deeper Love, Music...
По патувањето во Мароко, готвачот Марк Де Јонг и неговата сопруга Василка заминаа на патување во Бали, каде го прославија и неговиот роденден. Погледнете повеќе фотографии и видеа од нивните авантури.
„Најсилната врска“ – напиша Иван на семејната фотка со неговите сакани на роденденот на внукот на неговата сопруга, откако тој наполни 33 години.
„Ваков глумец и мајстор нема да се роди. Почит за Петре Прличко“, „Каква легенда, ненадминат во сè“, пишува во коментарите на видеото, во кое Игор Џамбазов со многу љубов го гушка својот сакан дедо.
Прошетка до манастирот Свети Наум, пловење со кајче низ изворите на Црн Дрим... Српската актерка Слобода Миќаловиќ сподели фотографии од посетата на најпознатиот манастир во Охрид, пред претставата со која ќе го затвори „Охридско културно лето“.
„Веќе нема да се чека, Зоки Фаци ќе оди на лекување во Истанбул“ – ова го соопшти на Фејсбук неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров. Зоки, пак признава дека е исплашен пред третата операција, но се обидува со добра мисла и позитивна енергија да го победи ракот.
„Животот е убав“, напиша Емра Куртишова и сподели неколку фотки од плажа на Инстаграм.
„Грчка вечер со најдобриот Константинос Аргирос“, напиша Елена Најдоски, која со сопругот и другарките се забавуваше во клубот Markiz Experience во Калитеа.
„Во собата во која се криев, се смеевме и викавме гласно, и најемотивниот момент ми беше кога Иван конечно влезе внатре во собата, и кога се погледнавме двајцата со насолзени очи“, вели за CRNOBELO.com Александра Јанева, која викендов правеше свадба.
Хелена Роза, која пред 9 години се пресели на Нов Зеланд, во изминативе неколку дена има три големи поводи за прослава.
Тамара Тодевска беше на свадба во Подгорица со саканиот Лука и децата, а Кристина Арнаудова откри дека е во Охрид со сестра ѝ Харита.