Графитите како уметничка форма датираат уште од времето на Античка Грција и Римската Империја. Иако во денешно време во Македонија графитите сеуште се еден вид на вандализам, во некои држави или градови тие се дозволени и претставуваат вистинска уметност дури и кога се нацртани на јавни површини. Ако навлеземе повеќе во зборот графити ќе дознаеме дека тоа е име за слики или букви, изгребани, исчкртани, насликани или означени на било кој начин, меѓутоа како уметничка форма тие еволуираат и се трансформираат во вистинска уметност...