Заради заштита на здравјето на граѓаните одложена теренската реализација на проектот на ИРЛ „Мобилни редакции“ се до завршување на вонредната состојба

Скопје, 13.04.2020 – Тимот на новинари и продуценти на Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ донесе одлука целосно да ја стави во мирување реализацијата на проектот „Мобилни редакции“.

odlozhena-erenska-realizacija-na-proektot-na-irl-mobilni-redakcii-01.jpeg

Теренските активности ќе продолжат откако ќе заврши вонредната состојба во земјава и ќе се укинат ограничувањата за движењето на населението, воведени за спречување на ширењето на Covid-19 (корона вирус).

Главната цел на проектот „Мобилни редакции“ е преку непосредна комуникација со граѓаните да се идентификува и истражи корупцијата на локално ниво користејќи ги алатките на истражувачко и аналитично новинарство. Реализацијата на проектот започна на почетокот на март за што мобилната редакција на тимот на ИРЛ го посети североисточниот регион на земјата. Беше предвидено на почетокот од април мобилната редакција да се префрли во полошкиот регион, а на почетокот на мај на југоистокот од земјата.

„Тргнувајќи од препораките на здравствените експерти кои велат дека единствена ефикасна превенција од Covid-19, покрај одржување на личната хигиена, е одржување на неопходната физичка дистанца меѓу луѓето, беше неопходно да ја донесеме оваа одлука за одложување на реализацијата на проектот. Неговата реализација секако ќе продолжи по нормализирање на состојбата во земјата, која се надеваме дека ќе случи што е можно побрзо. Дотогаш се приклучуваме кон апелот до сите граѓани да останат во своите домови со што ќе го заштитат своето здравје и здравјето на другите“, вели раководителката на тимот на ИРЛ, Сашка Цветковска.

Во целокупната имплементација на проектот, како и во самиот процес на создавање на истражувачки новинарски стории, ИРЛ соработува со голем број граѓански организации кои активно работат на теми поврзани со корупцијата и нејзиното сузбивање, со локалните канцеларии на Здружението на новинарите, како и со Државната комисија за спречување на корупцијата, Државниот ревизор и Канцеларијата на Народниот правобранител.

Тимот на истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ е составен од истакнати новинари и други медиумски и комуникациски професионалци со долгогодишно искуство. Здружението е основано со иницијална поддршка на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција (Organized Crimeand Corruption Reporting Project – OCCRP) која претставува истражувачка репортерска платформа формирана од повеќе од 40 непрофитни истражувачки центри и неколку регионални и глобални новински организации низ светот.

Повеќе информации за мисијата на ИРЛ, како и за проектот „Мобилни редакции“ може да се добијат преку веб-страницата на ИРЛ www.irl.mk, како и профилите на социјалните мрежи: www.facebook.com/IRLMacedonia/; www.instagram.com/irlmacedonia/ и www.twitter.com/IrlMacedonia

Би можело да ве интересира:

Македонка помина една седмица во својата дрвена куќарка на село – гушкаше јариња, се грееше на дрва „Живот на село.... Враќање кон коренот, каде човекот едноставно постои во ритам ...
Љупка Митрова изнајми авион што носи натпис за роденденот на ќерката: „Долго баравме пилот, татко ми... „Авионот го изнајмивме од Штип, баравме пилот, траеше тоа. Пред еден месец ја пр...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Позитива на денот: Маж доби срце од донор на скопска Клиника - од 2021-ва бил на листата за транспла... „Едно семејство, во најтешкиот момент од животот, донесе одлука да спаси животи....
Миро Кацаров, Лепа Брена - Кои познати личности ги прифатија децата на партнерите како свои? Саша Ковачевиќ за Искра, ќерката на неговсата сакана Зорана, вели дека иако не м...

Најчитани неделава