Некои луѓе од Македонија земаат активно учество во борбата со корона вирусот, како знаат и умеат. Секоја чест!
ПроКредит Банка АД Скопје денес, 25ти март, изврши исплата на пензиите за месец март. Клиентите на банката може да ги користат своите пензии веднаш преку нивните MasterCard картички на банкоматите од сите банки во земјата без провизија до 3 пати во месецот.
Министерот за здравство, Венко Филипче, секојдневно информира за состојбата на пациенти заболени од корона вирус во Македонија, до 12 часот на пладне истиот ден.
„Почитувајте ги доследно сите препораки кои се даваат и само заедно ќе излеземе како победници. Победници од битката за која ќе знаат и многу генерации после нас“, порачува доктор Борис Калковалиев.
Ново настанатата ситуација го измени нашето секојдневие, го отежни животот на сите нас, но особено погодени се социјално загрозените семејства. Станува збор за сиромашни семејства кои живеат во тешки услови, претставуваат ранлива категорија на граѓани, кои тешко ги преживуваат овие денови во само изоалција.
ПроКредит Банка АД Скопје изврши предвремено плаќање на вкупните месечни аконтативни обврски за данок на добивка за 2020 година.
Халкбанк утре, 25.03 ќе изврши предвремена исплата на мартовската пензија за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на сметка во Халкбанк АД Скопје.
Започнувајќи од денес 24.03.2020 (вторник) Црвен крст на град Скопје со финансиска поддршка од Државна Лотарија на Република Македонија ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита за себе и домот за ранливите категории на немоќни лица од најзагрозената категорија граѓани од трето доба.
Податоците добиени од вториот бран на истражувањето за перцепциите на граѓаните за корона вирусот, спроведено во периодот од 16ти до 20ти март, покажуваат зголемување на загриженоста на граѓаните. Бројот на оние кои изразиле голема или многу голема загриженост дека лично, или член на нивното семејство, би се инфицирале од корона вирусот, се зголеми од 38% на 52%.
Ново настанатата ситуација наметна потреба од поголема одговорност, солидарност но и претпазливост од страна на компаниите. Со цел да се избегнат гужвите во маркетите, а и полесно да може да се почитуваат препораките на здравствените работници...
Деновиве на социјалните мрежи се шири фотографија од 17 мали дечиња кои шират порака да се остане дома за време на корона вирусот како би се заштитиле сите.
Во овие тешки времиња Италијанците ни дадоа добар пример кој изгледа почнавме да го следиме – Дарко Дамевски со изведба на песната од Godfather на тераса испраќа порака до сите.
По објавувањето на јавниот повик од страна на Владата за сите хотели во државата да ги отстапат своите капацитети за полесно справување со корона вирусот, сопствениците на хотелот Stone Bridge експресно се одзваа на повикот.
Кога читателите се фоторепортери, впечатокот е комплетен... Снегот во втората половина од март не е толку честа појава, па дефинитивно сме изненади овојпат.
Сите експерти предупредуваат дека со миењето раце и личната хигиена, намалувањето на контактот со другите луѓе и останувањето дома е најдобриот начин за спречување на ширењето на Корона вирусот.
Согласно најновата мерка за ограничување на движењето на граѓаните што вчера ја донесе Владата, Веро воведува ново работно време од 8 до 19 часот секој ден. Дополнително, Веро воведува...
Стотици фотографии, видеа и гифови овие два дена пристигнаа до Град Скопје, на фејсбук страницата СкопјеДома. Нашите сограѓани масовно споделуваат како го поминуваат времето во изолација сами, со нивните семејства или со милениците.
Тим составен од четири ученици од средното училиште Јахја Кемал се подготвени да направат големи промени. Имено, ние имаме направено бионичка рака или електронска протеза за лица со недостаток на горен екстремитет. Името на нашиот тим е Бионик. Орхан Багашов е задолжен за дизајнот и електрониката, Тео Китановски за програмирањето, Борис Ночески за социјалните мрежи и Анамариа Илиева за изработка на веб-страната.