10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање)
Dark
Германската серија честопати е споредувана со Stranger Things, иако дејството е многу покомплексно и според многумина, приказната е далеку подобра.
Главниот лик е млад дечко чиј татко извршува самоубиство. Сосема случајно, тој се вплеткува во патување низ времето и открива бизарна конекција меѓу неговото и уште неколку семејства.
The Fall
Со Џејми Дорнан и Џилијан Андерсон во главните улоги, The Fall е серија што сигурно ќе ви се допадне ако сакате трилери.
Главниот лик е сериски убиец кој пред јавност изгледа како најобичен и грижлив сопруг и татко.
Откако детективка успева да му влезе во трага, пробува да се скрие како што знае.
You
Уште една серија каде главниот лик е морничав убиец. Тој работи во книжарница, кога запознава жена со која станува опседнат
И, за да биде негова, подготвен е да ја тргне буквално секоја пречка на патот.
Midnight Mass
Уште една серија од генијалниот Мајкл Фланаган.
Дејството на Midnight Mass е сместено на изолиран остров.
Откако млад маж се враќа на островот по неколку години во затвор, се појавува и мистериозен свештеник кој пробува да им ја врати верата на луѓето во градот.
A Series of Unfortunate Events
Снимена според книгите на Лемони Сникет, главните ликови во серијата се три деца чии родители умираат.
Додека пробуваат да ја решат мистеријата за нивната смрт, децата се присилени да живеат со нивен злобен роднина.
Спирова С. | Црнобело
