10-те најпопуларни филмови за 2026-та (досега)
Backrooms кој е уникатен хорор што ги менува правилата, забавниот Hoppers за љубителите на анимација, како и новиот филм на Стивен Спилберг.

2026-та е навистина добра година за филмови.
Некои продолженија ни разбудија носталгија, има одлични адаптации на книги, а гледаме и вистинско освежување кај некои жанрови.
Дел од најпопуларните филмови за 2026-та:
Project Hail Mary
Снимен според истоимената книга на Енди Вир и со Рајан Гослинг во главната улога, Project Hail Mary дефинитивно е еден од најпопуларните филмови од оваа година.
Главниот лик е наставник кој се буди во вселенски брод, но не се сеќава како завршил таму.
Како што сеќавањето постепено му се враќа, сфаќа дека Сонцето умира, а тој е на мисија да го спаси, заедно со Земјата.
The Devil Wears Prada 2
Можеби некои сметаат дека вториот филм е полош од првиот, но факт е дека The Devil Wears Prada 2 предизвика многу врева.
Ако сте фан на оригиналот, тогаш главните ликови ви се веќе добропознати.
Во второто продолжение, злобната уредничка Миранда има нов противник – нејзината поранешна асистентка која сега и самата е уредник.
Backrooms
Кратко по премиерата, хорор-филмот Bakcrooms брзо се прослави и многумина го сметат за вистинско освежување на жанрот.
Главните ликови се психолог и нејзин пациент кој исчезнува.
Тој се наоѓа во некоја чудна, надреална димензија, а таа се обидува да го спаси.
Michael
Биографскиот филм за Мајкл Џексон наиде на критики бидејќи не опфаќал важни детали од животот на пејачот.
Но, ова не му ја намали популарноста и засега е еден од филмовите со најголема заработка.
Дејството на филмот го следи животот на Мајкл Џексон, од почетоците, па сè до периодот кога го достигнува врвот.
Send Help
Send Help, со Рејчел Мекадамс во главната улога, е спој на хорор и комедија и многумина го опишуваат филмот како мошне забавен.
Главните ликови се жена и нејзиниот шеф кои по авионска несреќа се заглавени на пуст остров.
За да преживеат, мора да најдат начин да соработуваат и да се снајдат во дивината.