10-те најпопуларни филмови за 2026-та (досега)
The Rip
Новата соработка на Мет Дејмон и Бен Афлек им донесе тужба на актерите од страна на неколку полицајци, но ова не ја намали популарноста на филмот.
The Rip е инспириран од вистински настан, а главните ликови се група полицајци кои наоѓаат огромна сума скриени пари.
Но, довербата во нивниот тим се нарушува откако почнуват да се сомневаат дека некои од нив украле дел од парите.
Obsession
2026-та веројатно ќе биде година на добри хорор-филмови бидејќи овој е веќе втор на листава.
Главниот лик е дечко кој купува играчка која наводно има натприродни моќи и може да му помогне да најде љубов.
Откако посакува неговата пријателка да се вљуби во него, сфаќа дека играчката функционира, а последиците се страшни.
Disclosure Day
Новиот филм на Стивен Спилберг не е излезен ни една недела, но веќе се вбројува меѓу најпопуларните.
Пред премиерата, за дејството беа познати многу малку детали, па ни ние нема да ви откриваме многу.
Главните ликови се метеоролог и експерт за сајбер безбедност кои се обидуваат да ги разоткријат тајните за вонземјани што владата ги криела од народот.
Wuthering Heights
Уште еден филм кој беше критикуван, најмногу поради тоа што не се држи строго до изворниот материјал – истоимената книга на Емили Бронте.
Со Марго Роби и Џејкоб Елорди во главните улоги, Wuthering Heights ја раскажува приказната на Кетрин и Хитклиф.
Тие се вљубуваат и со ова почнува нивната деструктивна, но и интензивна врска која може да заврши трагично.
Hoppers
Низа анимирани филмови од годинава се покажаа како мошне добри, но засега можеби најмногу се истакнува Hoppers.
19-годишна девојка која сака животни си ја пренесува свеста во дабар-робот.
Со оваа нова технологија, таа сака да ги разоткрие мистериите на животинскиот свет.
Спирова С. | Црнобело