Харизматичната „буцка“ е кралица на комедиите - 10 урнебесни филмови со Мелиса Мекарти

Тешко е да се поверува дека Мелиса Мекарти има 47 години, зарем не? Се чини дека во последниве години ги доживува ѕвездените моменти, иако глуми од својата 27-годишна возраст.

10-urnebesni-komedii-so-Melisa-MekKarti-01.jpg

20 години упорност се исплатија бидејќи харизматичната „буцка“ стана заштитен знак на добрите комедии.

Многумина ја паметиме и од ТВ серијата „Gilmore Girls“ каде што ја глумеше смешната и по малку несмасна готвачка Суки и најдобрата пријателка на Лорелај Гилмор.

Доколку сте расположени за доза здрава комедија, време е да ѝ посветите време и внимание на прекрасната, талентирана и смешна – Мелиса Мекарти која глуми во:

Life of the Party (2018)

Откако нејзиниот сопруг сосема неочекувано ќе побара развод, и покрај тоа што е средновечна жена и мајка, таа решава да се врати на факултет и да го заврши до крај.

Ghostbusters (2016)

Римејкот на популарниот оригинален филм од 1984 година доаѓа во женска верзија, со одличен кастинг и нов свеж пристап кон добропознатата приказна – истерувањето на духови од Њујорк.

The Heat (2013)

Две полицајки кои се сосема различни, како физички така и карактерно, мора да соработуваат заедно со цел да соберат доволно докази против водачот на нарко-картел.

Bridesmaids (2011)

Можеби Мелиса толку споредна улога, но верувајте дека е ѕвездата на филмот. Натпреварот помеѓу две жени кој треба да покаже која е подобрата пријателка и деверуша на невестата прераснува во вистинска војна.

https://www.youtube.com/watch?v=1UW9Zks5L2A

Spy (2015)

Сузан е ФБИ агент која никогаш не работела на терен, но по неочекуван развој на настаните се инфилтрира во светот на опасни криминалци со цел да спречи глобална катастрофа.

Листата продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
10-те најконтроверзни филмови и серии на Нетфликс 365 Days можеби беше многу популарен, но беше критикуван дека го прикажува насил...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
10 филмови кои ќе ве натераат да излезете од вашата комфорна зона Captain Fantastic кој ќе ве натера да размислувате за модерниот начин на живот и...

Најчитани неделава