30 години подоцна: Меколи Калкин е повторно „сам дома“ во божиќна реклама за Google


30 години подоцна: Меколи Калкин е повторно „сам дома“ во божиќна реклама за Google

Меколи Калкин речиси 30 години подоцна повторно нè враќа детството со реклама инспирирана од најпопуларниот божиќен филм „Сам дома“.

30-godini-podocna-mekoli-kalkin-e-povtorno-sam-doma-vo-bozhikjna-reklama-za-google-01.jpg

Во нова реклама за Google Assistant, поранешната детска ѕвезда Меколи Калкин ја репризираше својата улога како Кевин МекКалистер.

38-годишната ѕвезда е повторно „сам дома“ за Божиќ, но додека во 1990-та Кевин одеше до крајни граници за да се грижи за себе и спаси додека родителите не му се тука, во 2018-та е сосема поинаков случај.

Сега, работите се многу поедноставни, благодарение на вештачката интелигенција и паметните телефони.

Рекламата започнува како тој влегува во празна соба и го прашува Google што му е на распоред, а дигиталниот асистент го потсетува дека ја има куќата само за себе.

30-godini-podocna-mekoli-kalkin-e-povtorno-sam-doma-vo-bozhikjna-reklama-za-google-02.jpg

Тој ужива и ги репризира сите најдобри сцени од оригиналниот филм, се бричи, но сега е позрел и знае како паметно да ги употребува козметичките производи, па не ја повторува сцената со викањето.

30-godini-podocna-mekoli-kalkin-e-povtorno-sam-doma-vo-bozhikjna-reklama-za-google-04.png

Но, таа зрелост не го спречува да скока на креветот како дете, иако неговото тело како возрасен протестира, а во модерното време е полесно да се справи и со крадци.

30-godini-podocna-mekoli-kalkin-e-povtorno-sam-doma-vo-bozhikjna-reklama-za-google-03.jpg

Изгледајте ја целата реклама и насмејте се на спомените од детството во одлична комбинација со модерната технологија:

Рекламата е толку добро снимена и внимавано е на секој детаљ, па сцените од 1990 и 2018, совршено се поклопуваат. 

За оние кои не се сеќаваат, погледнете споредба помеѓу оригиналниот филм и рекламата:

" data-width="630" data-show-text="false">
Google's New Advert With Macaulay Culkin Vs Home Alone

Home Alone: 1990 vs 2018. This lines up so well! 😂👏 Google

Posted by LADbible on Thursday, 20 December 2018

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 години подоцна: Факти за Gossip Girl кои не сте ги знаеле досега Можеби не сте свесни, но поминаа 10 години откако бевме опседнати со серијата Go...
10 филмови кои ќе ве одведат на едно поинакво патување Ако веќе се одлучите да уживате во некој филм, зошто да не го направите тоа со н...
Болеста на Берлин не постои - Детали кои ви поминале незабележано во „La Casa de Papel“ Убедливо најгледаната шпанска серија на Netflix продолжува да руши рекорди благо...

Најчитани неделава