Интересни факти за филмот кој остава без зборови - „Bird Box“


Интересни факти за филмот кој остава без зборови - „Bird Box“

Филмот „Bird Box“ се појави на Нетфликс на 21 декември 2018-та, а само на платформата е изгледан неколку милиони пати.

interesni-fakti-za-filmot-koj-ostava-bez-zborovi-bird-box-01.jpg

Оние кои веќе го гледаа филмот се сигурни дека на Сандра Булок истиот ќе ѝ донесе најмалку Оскар, а предвидуваат и многу други награди и за актерската екипа, но и општо за самиот филм и продукцијата.

Во филмот глумат Сандра Булок, Џон Малковиќ, Роза Салазар, Тревант Родс, Лил Рел Хауери и Сара Полсон.

СПОЈЛЕР АЛЕРТ!

„Bird Box“ се случува во постапокалиптичен свет каде чудовишта ги тераат преживеаните луѓе да се самоубиваат ако ги видат. Малори (Булок) се обидува да го преживее ова, заедно со нејзините деца.

Ова се неколку факти кои се поврзани со филмот:

Филмот е снимен по истоимена новела

Новелата е дело на Џош Малермен и во нејзе се зборува за мајката и нејзините две деца кои се обидуваат да ги преживеат чудовиштата кои со својот поглед прават луѓето да извршат самоубиство. Книгата е издадена во 2014 година.

Крајот на филмот е различен од оној на книгата

Крајот на книгата е многу повознемирувачки од оној на адаптацијата на Нетфликс. Постојат описи за луѓе кои сами си ги ваделе очите, за да не се погледнат со чудовиштата. Режисерката на филмот, Сузан Биер, смета дека иако во одредени делови отстапува, адаптацијата всушност е сосема веродостојна на оригиналното дело.

interesni-fakti-za-filmot-koj-ostava-bez-zborovi-bird-box-02.jpg

Режисерката и другпат режирала трилери

Сузан Биер е режисер и на „The Night Manager“ со Том Хајделстон и Хју Лори, но нејзиното име стои и зад „Serena“ со Џенифер Лоренс и Бредли Купер.

Избришана сцена од филмот открива како изгледаат чудовиштата

Гледачите никогаш нема да ги видат чудовиштата кои напаѓаат кога луѓето ги отвораат очите, но сценаристите сепак направиле и таква сцена. Сандра Булок дури и го видела и прво се исплашила, но потоа ѝ било смешно. Таа го опишува како зелен маж кој личи на змија и има ужасно бебешко лице.

Сандра Булок била реално „заслепена“

Голем дел од филмот Булок го снимила со реално врзани очи, без да гледа ни делче од сцената, за да може да ги одглуми што пореално своите сцени.

Но, во сцените каде држи деца, сепак носела проѕирен превез

Актерката не сакала да ја доведе во прашање безбедноста на децата, па затоа носела проѕирен превез врз очите кога снимала со нив.

interesni-fakti-za-filmot-koj-ostava-bez-zborovi-bird-box-03.jpg

И Булок и Сара Полсон мразат да се плашат

Двете актерки откриле дека снимањето на „Bird Box“ било застрашувачко за нив. Сара Полсон изјавила дека ни самата не знае како се нашла среде толкав хорор опус, алудирајќи на „American Horror Story“, серија во која таа глуми веќе седум сезони.

Булок никогаш не веслала пред филмот

Сцената со веслањето изгледа како Сандра Булок да го знае тоа отсекогаш, но таа никогаш претходно не го правела тоа. Како што се снимал филмот, таа се научила да го прави тоа како вистински професионалец.

И Булок и Биер прво не го прифатиле проектот

Пред неколку години и двете ја одбиле иницијалната работа околу овој проект на Нетфликс, но како што истиот добивал форма, но и литературно дело како репер, решиле да ја прифатат. Според Биер, по економските, политичките и општествените промени, овој филм добил на релевантност.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некогаш и денес: Актерите од хит филмот на ’90-ите, Clueless, 23 годи... Филмскиот фаворит на сите тинејџери во ’90-ите, Clueless, првпат се емитуваше пр...
10 причини зошто Кери Бредшо е ужасна пријателка и девојка Поминаа повеќе од 20 години од емитувањето на популарната ТВ-серија, „Сексот и г...
10 одлични оригинални филмови на Нетфликс Поголемиот дел од нас кои се љубители на ТВ сериите сигурно може да набројат нек...