Мит или факт – кои настани од Чернобил се измислени, а кои вистинити?

МИТ: Експлозијата на пареа по несреќата можела да остави голем дел од Европа непогодна за живеење

По почетната експлозија, нуклеарните физичари стравувале од втора експлозија предизвикана од топењето на јадрото што било во контакт со подземните води.

Во втората епизода, Хомук го информира СССР дека следната експлозија ќе има сила од 2 до 4 мегатони, со што ќе се уништи „целото население на Киев и дел од Минск“. Зрачењето, додава таа, ќе влијае на сите советски земји: Украина, Латвија, Литванија, Белорусија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Романија и поголемиот дел од Источна Германија.

Во ова сценарио има премногу хипотетични, односно можни ситуации за анализа.

Тие сепак не го спасувале целиот свет. Оваа ситуација би можела да се реализира на овој начин само доколку целото стопено јадро се судри со подземните води. Но, кога јадрото почнало да се топи, истото се топело нерамномерно.

Тврдењето дека втората експлозија ќе има сила до 4 мегатони, била обично „претерување“ односно драматизирање за потребите на серијата.

Koi-nastani-od-Chernobil-se-izmisleni-a-koi-vistiniti (1).jpg

ФАКТ: Млад пожарникар чија сопруга била бремена жена починал во болница кратко време по експлозијата

Пожарникар по име Василиј Игнатенко и неговата сопруга, Људмила требало да заминат за Белорусија утрото кога се случила експлозијата. Но, нивните планови се смениле засекогаш кога Василиј се упатил кон електраната околу 1.30 часот по полноќ. Тој ветил дека ќе ја разбуди неговата сопруга кога ќе се врати дома, но тешкото труење со радијација резултирало со директно носење во болница.

Кога Људмила го посетила својот сопруг во болницата, ѝ било наредено да не го допира. „Ако почнете да плачете, веднаш ќе ве избркаме“, се сеќава таа во изјавите за книгата „Чернобилска Молитва“ од Светлана Алексиевич.

Људмила била бремена во тој временски период, но го излажала радиологот за да го види нејзиниот сопруг.

Василиј починал 14 дена по несреќата и бил погребан, како што покажува серијата, во ковчег од цинк. Документарниот филм дури и ја прикажува Људмила како ги држи чевлите на нејзиниот сопруг, кој не можел да ги носи на неговите отечени нозе.

Људмила на крајот го родила бебето, кое починало само четири часа по раѓањето.

Koi-nastani-od-Chernobil-se-izmisleni-a-koi-vistiniti (3).jpg

Мит: Хеликоптер се урнал кратко време по експлозијата

Хеликоптерската несреќа во втората епизода не е сосема погрешна како настан, но се случила по првите две недели по закрепнувањето од несреќата, а не како што сугерира епизодата, во непосредна близина на експлозијата. Ова е еден од ретките настани што требало да се пренесат хронолошки според креаторот на серијата.

„Сакав луѓето да знаат дека ова е една од опасностите со кои се соочувале овие пилоти – летање над отворен реактор.

Движењата во воздухот околу реакторот биле навистина непредвидливи, но она што ја предизвикало несреќата на хеликоптерот при летањето било удар од кран во непосредна близина.

Koi-nastani-od-Chernobil-se-izmisleni-a-koi-vistiniti (4).jpg

ФАКТ: Легасов ги снимил своите забелешки на аудио касети после несреќата

Главниот научен истражувач на Чернобил, Валериј Легасов, е базиран на вистинска личност. Додека серијата ги прикажува научниците како него како волци самотници, Легасов всушност имал жена и ќерка. Како што открива почетната епизода, Легасов го снимил своето лично видување на несреќата на аудио касети пред да се обеси на 26 април 1988 година, на втората годишнина од несреќата.

Транскриптите од неговите снимки не се совпаѓаат со оние кои се пренесуваат во серијата, која завршува со прашањето на Легасов: „Ова, конечно, е подарокот на Чернобил. Како што некогаш се плашев од цената на вистината, сега само се прашувам: Колкава е цената на лагите?“

Кон крајот на петтата епизода, официјален претставник на КГБ го информира Легасов дека неговото учество во напорите за расчистување ќе биде скриено за остатокот од светот.

„Вие ќе останете толку нематеријални за светот околу вас дека кога конечно ќе умрете, ќе биде многу тешко да се знае дека некогаш сте живееле“, вели официјалното лице.

Според некрологот на Легасов во Њујорк Тајмс, името на научникот „не било никаде споменато во десетици советски медиумски извештаи“ на втората годишнина од несреќата во Чернобил.

Koi-nastani-od-Chernobil-se-izmisleni-a-koi-vistiniti (7).jpg

Прочитајте и: Колку се слични актерите од серијата Чернобил на вистинските ликови? 

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
10-те најконтроверзни филмови и серии на Нетфликс 365 Days можеби беше многу популарен, но беше критикуван дека го прикажува насил...
10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата г...
Многу дрога и експлицитни сцени со средношколци: Како Euphoria стана најконтроверзната серија? Третата сезона на Euphoria е остро критикувана дека оди во крајности со голотија...

Најчитани неделава