15 латино-американски серии кои го обележаа нашето минато

Веројатно тешко дека постои некој од нас кој на времето не изгледал барем еден латино-американски серијал.

15-latino-amerikanski-serii-koi-go-obelezhaa-nasheto-minato 01 630x340.jpg

Емитувани на речиси секоја македонска телевизија повеќе од две децении, овие серии претставуваат обележје на кое сите се сеќаваме.

Пожртвуваната мајка во улога на слугинка, љубовни триаголници кои никако не се отплеткуваат, илјадници солзи пролеани поради недозволената љубов и ред други „апсурдни“ содржини кои ги среќававме низ епизодите што секојдневно го задржуваа нашето внимание пред малите екрани.

Но, покрај идентичниот содржински протокол мора да признаеме дека токму овие серии се виновниците за совладувањето на шпанскиот јазик ширум нашата популација.

Многумина од нас, незадоволни од синхронизираните турски серии кои одамна го заземаа нивното место бараат латино-американските серијали повторно да се вратат на телевизиските програми. 

Во продолжение ви издвојуваме 15 популарни латино-американски серии кои се емитуваа на ТВ екраните:

Касандра (1992-1993)

Теленовела која сочинува 150 епизоди и влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави, вкупно 128.

Типична латино-американска приказна: Младата и убава Касандра се венча со богатиот Игнасио кој е убиен на првата брачна ноќ, а за потенцијален виновник е прогласена токму таа.

На оваа хероина се угледуваше голем број од женската популација, додека пак машката половина беше магепсана од нејзината убавина.

Да не го запоставиме бестрашниот Ранду кој со својата сила го претставуваше симболот на машкоста.

;

Марисол (1996)

Повторно една испреплетена приказна во која херојството го предводи младата Марисол.

Лузната која таа ја носи, всушност  го претставува нејзиниот тежок и макотрпен живот. 

И секако за оваа „трагична“ ТВ новела да биде комплетна, се појавува сликарот Хосе Андрес, односно љубовта на Марисол.

Есмералда (1997)

Серија која го освои целиот свет, а кај нас се емитуваше во 1999 година.

Замена на две бебиња и воедно испреплетување на судбините на слепата Есмералда и Хосе Армандо кои по долг временски период се запознаваат и се заљубуваат еден во друг.

Исто така, младата Есмералда претставува една од убавиците со кои се поистоветуваа многу од девојките.

https://www.youtube.com/watch?v=q015TeUTp9w

Дивиот ангел (1998-1999)

Серија која убедливо обединуваше многубројни семејства пред ТВ екраните. 

Цели 270 епизоди во кои главната улога припаѓаше на убавицата Милагрос (Наталија Ориеро), која остана запаметена не само по извонредната глума, туку и по нејзининиот ангелски глас.

„Cambio dolor“, „Me muero de amor“ се едни од нумерите на оваа серија кои сѐ уште опстојуваат во нашата меморија.

https://www.youtube.com/watch?v=6rDerwpygxc

Росалинда (1999) 

Росалинда е една од најпознатите мексикански теленовели. Оваа серија кај нас се емитуваше во 2002 година.

Во главната улога се појавува познатата мексиканска пејачка Талија, која исто така ја испеала и насловната нумера. 

Таа во улогата на Росалинда се заљубува во Фернандо додека разнесува цвеќе во неговиот ресторан.

Љубовта е обострана, но попречувана од мајката на Фернандо, поради економската состојба на Росалинда.

Есперанса (1999)

Приказна за „невозможната“ љубов на Есперанса и Луис Густаво кои по детството биле намерно се разделени, а по многу години судбината повторно ги соединува. Познато нели?

Нумера која ја обележа оваа серија е „Nunca te olvidare’’ која го носи токму името на серијата, а е изведена од незаменливиот Енрике Иглесијас.

Клон (2001-2002)

Оваа серија се смета за една од најпопуларните и таа обработува теми за исламот, тргувањето со дрога, како и клонирањето. Главните улоги ги заземаат Жаде и Лукас.

Жаде е млада жена со арапско потекло, која по смртта на мајка ѝ оди да живее во Мароко со семејството на својот татко. Лукас е млад романтичар, кој за време на својот одмор во Мароко ја запознава Жаде.

Тие бараат начини да ја остварат својата љубов, додека претходно напишаната судбина ќе ги претвори случувањата во нивните животи во магична приказна во која никој не ќе може да предвиди што ќе се случи следно.

Серија која сплоти многу генерации и преку дејствијата на ликовите даде разни поуки.

https://www.youtube.com/watch?v=1NEJyD4efYc

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушк...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg