3 романи од Вај Киленд со тензичен заплет (што ќе ве држат во неизвесност до последната страница)

Кејн, Рид, Броди... Тројца згодни, но сурови мажи кои треба да научат дека и најстудениот мраз околу срцето може да го стопи љубовта од вистинската жена. Романите на Вај Киленд се идеални за опуштање во деновите кога навистина ви треба одмор од сè.

3-romani-od-vaj-kilend-so-tenzichen-zaplet-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-poslednata-stranica-01.jpg

Романтичните романи на Вај Киленд се читаат во еден здив. Не ви треба некоја особена концентрација за да можете да ја следите приказната, а ќе ве опуштат исто како да сте изгледале некоја добра романтична комедија.

Она што ги прави нејзините романи малку поразлични од другите е тоа што речиси секогаш постои извесна доза на напнатост и развлекување на дејствието, па приказните ве држат во неизвесност речиси до последната страница.

Нејзините романи можете да ги читате и во автобус и на плажа, а се одлични и ако сакате да поминете едно опуштено попладне со книга во рака и да заборавите на секојдневието.

Таа преку своите приказни речиси секогаш знае да ви ја врати надежта дека вистинската љубов сепак постои и дека можеби мажите што изгледаат сурово и недостижно на прв поглед знаат да сакаат силно.

Предлог 3 романи од Вај Киленд што би можеле да ги прочитате:

„Прекрасна грешка“

Книгата која од најголемиот број читатели на платформата Goodreads добила оценка со 5 и 4 ѕвезди, а ќе ве освои уште од првата страница.

Рејчел Мартин за првпат го запознава Кејн Вест во бар. Мислејќи дека тоа е човекот што ја излажал нејзината најдобра другарка дека е сингл и не ѝ кажал дека е оженет, Рејчел му дава до знаење што мисли за мажите како него...

Само, има еден мал проблем: Рејчел се расправа со погрешен маж.

Тоа ќе го сфати наредното утро, кога ќе треба да почне да работи како нов асистент за професорот Кејн Вест и ќе сфати дека треба да работи со згодниот странец со кого претходната вечер се расправала.

По тој судентски час, веќе ништо не е исто, а Рејчел ќе научи дека некои грешки вреди да се направат.

3-romani-od-vaj-kilend-so-tenzichen-zaplet-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-poslednata-stranica-03.jpg.jpg

„Господин неподнослив“

Уште еден од романите на Киланд во кој сè започнува сосема случајно, а во кој ликовите добиваат втора шанса да ја пронајдат љубовта на својот живот.

Шарлот оди во продавница за стари работи за да ја продаде својата венчаница, а таму сосема случајно наоѓа нова сина венчаница со интересен натпис:

„Ти благодарам што ми ги оствари соништата!“

Така започнува приказната меѓу неа и Рид Иствуд, кој по сплет на околности наскоро ќе стане нејзиниот нов шеф.

Додека двајцата се борат со сопствените емоции и избегнуваат да им се препуштат на страстите, читателот не знае дека Рид крие една голема тајна што не му дозволува да биде среќен и да ѝ даде шанса на љубовта.

3-romani-od-vaj-kilend-so-tenzichen-zaplet-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-poslednata-stranica-04.jpg.jpg

„Играчот“

Делајла е спортски новинар кој штотуку ја започнува својата кариера, а го запознава Броди Истон во машката соблекувална по неговиот последен натпревар.

Квотербекот, кој е познат како вистински женкар, го корсти моментот додека оди програмата во живо да се разголи пред неа и пред камерите, па ја трга крпата од половината.

Броди има репутација на срцекршач кој нема намера да се смири, а Делајла е фина девојка која не верува во забава за една ноќ. Таа прва средба ќе биде судбинска за нив двајца.

Но, ако очекувате дека нештата ќе се сменат преку ноќ, тогаш се лажете – постои цела приказна за тоа што се случувало меѓу нив двајца додека да стигнат до среќен крај.

3-romani-od-vaj-kilend-so-tenzichen-zaplet-shto-kje-ve-drzhat-vo-neizvesnost-do-poslednata-stranica-05.jpg.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 лесни љубовни романи од Џорџија Кејтс, одлични за на плажа Трилогијата „Убавина“ на авторката Џорџија Кејтс е идеално четиво за на плажа. К...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg