3 одлични книги од македонски автори, напишани по примерот на популарните светски романи

Четива напишани по примерот на популарните светски автори... Овие 3 романи докажуваат дека и во Македонија имаме одлични автори кои знаат да го задржат вниманието на читателот и да креираат приказни што ќе ве остават без зборови.

3-odlichni-knigi-od-makedonski-avtori-napishani-po-primerot-na-popularnite-svetski-romani-01_copy.jpg

Погледнете три одлични книги од македонски автори, што задолжително треба да ги прочитате.

„Флерт, уцени и високи потпетици“ - Маја Божиновска

Македонски роман, напишан по примерот на популарните странски автори.

Викторија е во потрага по совршената работа и совршениот маж, а животот целосно ќе ѝ се промени, откако случајно ќе најде фотографии од еден вљубен пар покрај Беровското Езеро.

Таа знае дека го име совршениот ас во ракавот за да го обезбеди тоа што го сака, а не се грижи што ќе мора да се послужи со уцени за да ја добие работата што ја сака.

Љубовен триаголник, кој полека станува четириаголник, затоа што никој не може да предвиди како ќе се развиваат чувствата кон одредена личност.

Приказна која ќе ве држи во неизвесност до последна страница и ќе ве натера да сфатите дека сепак, најубавите приказни понекогаш може да бидат инспирирани од љубовта, но и од тоа што сè човекот е подготвен да направи во нејзино име.

3-odlichni-knigi-od-makedonski-avtori-napishani-po-primerot-na-popularnite-svetski-romani-02.jpg

„Закопана вистина“ - Далибор Трајковски

Софија уште како дете знаела дека е посвоена како бебе. Но, безмерната љубов што нејзините родители ѝ ја пружиле не била доволна за да се пополни празнината и кај неа да згасне копнежот да ја дознае вистината за сопственото потекло.

Таа живее во страв дека вистината за нејзиното потекло е премногу закопана и дека никогаш нема да ја открие.

Што навистина се случило со нејзините биолошки родители и зошто тие морале да се откажат од неа?

3-odlichni-knigi-od-makedonski-avtori-napishani-po-primerot-na-popularnite-svetski-romani-03.jpg

„Сите ја сакаат Марта“ - Мирјана Проданова

Македонски роман, напишан по примерот на светските трилер мајстори. Дејството се врзува околу убиството на младата девојка Марта, која важи за ведра, културна и воспитана девојка, а сите се во шок кога непосредно по матурата таа ќе биде убиена.

Нејзиното убиство предизвикува шок и неверување во нејзиниот град, а младиот детектив од главниот град доаѓа за да го реши со години старото убиство и конечно да му даде мир на нејзиното семејство.

Работите дополнително се комплицираат кога детективот ќе почне да развива симпатии кон сестрата на починатата девојка,

3-odlichni-knigi-od-makedonski-avtori-napishani-po-primerot-na-popularnite-svetski-romani-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на воз...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...

Најчитани неделава