Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница

Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а потоа станувале лидери, отсекогаш биле меѓу омилените ликови во светската литература. Па, има ли некој кој не се сеќава на Скарлет О'Хара, хероината на „Однесено со виорот“ од Маргарет Мичел?

tri-knigi-za-mokjni-zheni-shto-kje-vi-go-zadrzhat-vnimanieto-01.jpg

Ставени пред предизвикот да се борат за себе, три силни жени, хероините на книгите „Божествена руина“, „Француската куртизана“ и „Лавицата од Мароко“, се издигаат над невозможното и го наоѓаат својот пат.

Овојпат ви препорачуваме да ги прочитате трите интересни приказни за Меј, Сибила и Мари.

„Божествена руина“ - Меган Ченс

По смртта на мајка ѝ, Меј живее тажно и осамено, сè додека не добие покана да замине во Сан Франциско. Поканата доаѓа од нејзината богата тетка за која Меј не знаела дека постои.

Иако веднаш ја прифажаат во високите општествени кругови, а Меј се воодушевува на раскошот и гламурот во кој почнува да живее, таа набрзо почнува да ги чувствува темните страни на новиот живот.

Меј дознава дека нејзината братучетка често ја снемува во текот на ноќта, тетка ѝ не може да живее без антидепресиви, а слугинката постојано ја предупредува дека животот ѝ е во опасност.

Меј почнува да губи сè, вклучувајќи ја и нејзината слобода.

Но, кога во Сан Франциско ќе се случи разорен земјотрес, нејзината судбина се менува, а таа запознава маж покрај кој наместо да биде жртва, таа ќе стане лидер.

tri-knigi-za-mokjni-zheni-shto-kje-vi-go-zadrzhat-vnimanieto-do-poslednata-stranica-02.jpg

„Лавицата од Мароко“ - Џулија Дросден

Сибила е богата наследничка, но поради својот бунтовен карактер и прогресивни ставови, не може да најде маж што ќе биде на исто ниво со неа.

Има 23 години, но блиските ја третираат како дете, па таа едвај чека да избега од таму. 

Кога ќе го запознае Бенџамин, маж кој работи во компанијата на нејзиниот татко, таа сфаќа дека само со него може да побегне од животот што го живее, па прифаќа да се омажи за него и да замине во Мароко.

Таму Сибила станува успешна во бизнисот, но уште поважно, првпат се вљубува и тоа во харизматичен Французин.

tri-knigi-za-mokjni-zheni-shto-kje-vi-go-zadrzhat-vnimanieto-do-poslednata-stranica-03.jpg

„Француската куртизана“ - А. Г. Морган

Мари Дуплесис е сираче кое живее во беда во најруралните области близу Париз. 

Уште како дете, таа дознава дека љубовта на мажот е кратка и дека не може да се потпре на никого. 

Па, кога полни 16 години, таа тргнува во Париз, градот во кој се надева дека ќе ѝ се остварат соништата, во потрага по луксуз и богатство.

Таму станува свесна дека знае како да ги заведе мажите, па најугледните Французи ја посакуваат и ѝ ги исполнуваат сите желби и каприци.

tri-knigi-za-mokjni-zheni-shto-kje-vi-go-zadrzhat-vnimanieto-do-poslednata-stranica-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три љубовни романи совршени за оваа зима Овие три љубовни романи се читаат без здив од првата до последната страница. А в...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg