3 мистериозни романи кои ќе ги прочитате во еден здив

Три романи за сечиј вкус, а во центарот на вниманието на трите мистериозни приказни се жени... 

3-vozbudlivi-romani-koi-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-01.jpg

Без оглед дали станува збор за нови или постари изданија, некои книги се толку добро напишани, што стануваат безвременски. Нив може да ги прочитате и по неколкупати, да ги позајмувате на пријателите, да ги чувате за своите деца и да им предложите да ги прочитаат бидејќи се забавни...

Денес ви препорачуваме три наслови, книги кои мора да ги прочитате - верувајте, ќе ви се допаднат.

„Инсомнија“ - Миранда Рајкс

Дејзи не спие добро со години, а поради хроничната несоница трпат и нејзиниот живот, и кариерата. Но, кога ќе ја испратат во луксузна клиника за лекување на несоницата, таа е пресреќна.

Клиниката на почетокот ѝ изгледа совршена: се наоѓа покрај море, има кралски апартмани и тим професионалци кои се грижат за секој пациент.

Уште подобро е тоа што сопственичката на клиниката, Ејмити, која е и главна терапевтка, е сигурна дека може да ја излечи несоницата на Дејзи.

За да ја излечи, таа треба да користи хипноза. Но, Дејзи крие огромна тајна. И колку повеќе Ејмити навлегува во психата на Дејзи, толку таа се чувствува поранливо.

Дејзи почнува да верува дека нешто не е во ред со клиниката и луѓето кои работат во неа. Местото кај што треба да се излечи, одеднаш станува најстрашното место каде што некогаш била.

Дали нејзината несоница ја прави параноична или Ејмити е навистина злобна?

3-vozbudlivi-romani-koi-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdi-4.jpg

„Клучот на Сара“ - Татијана Де Роснај

Сара е 10-годишна Еврејка, која во 1942 година е уапсена од француската полиција заедно со нејзините родители среде Париз.

Таа се обидува да го заштити својот четиригодишен брат, па го заклучува во шкаф и се надева дека ќе се врати по него во текот на денот.

60 години подоцна, во 2002 година, американската новинарка Џулија добива задача да напише статија за конвојот кој одведе илјадници мажи, жени и деца Евреи во концентрациони логори, каде што се брутално изгладнувани и убивани.

Таа пристигнува во Париз, а таму открива и други тајни закопани пред 6 децении. А, тајните може да предизвикаат штета, но и конечно да разоткријат една стара вистина...

3-vozbudlivi-romani-koi-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdi-3.jpg

„Убавите девојки танцуваат“ - Кајли Брант

Кога 14-годишната Келси ќе исчезна, сите претпоставуваат дека е мртва. Последиците од исчезнувањето на Келси се разорни за нејзиното семејство.

По седум години, исчезнува уште едно девојче, а друго семејство претрпува лична трагедија со која не може да се соочи.

Агентот Марк води паралелна истрага за исчезнувањето на двете девојчиња и открива вистина потемна од мрак.

И, тогаш се поставува прашањето - дали постои казна полоша од смртта?

3-vozbudlivi-romani-koi-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdi-2.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три романтични книги кои треба да ги прочитате до крајот на летото Љубовна измама, невозможна љубов, светска ѕвезда која трага по нормален живот и ...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
3 романи кои раскажуваат приказни за војна, љубов и пожртвуваност Приказна за Првата светска војна во Русија, напнат роман за случувањата во Втора...
Три возбудливи книги кои треба да ги прочитате на почетокот на есента 2025 Садистички сериски убиец кој умешно бега од полицијата, љубовна приказна и прокл...

Најчитани неделава