Која книга треба да ја прочитате следна, според хороскопскиот знак?

Дали се двоумите која книга да почнете да ја читате во следниот период? Ако да, тогаш оваа листа ќе ви помогне да го направите својот избор. Што следно треба да прочитате според хороскопскиот знак?

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-01.jpg

Ако сте вистински љубител на книгата, сигурно често ви се случува да се соочите со дилема, што следно да земете и да прочитате.

Следејќи ги основните карактеристики на секој хороскопски знак, се обидовме да направиме листа на книги што се објавени на македонски јазик, а што би биле совршени за вас.

Погледнете во продолжение која книга треба да ја прочитате:

Овен

Храбрите Овни не се откажуваат пред предизвиците. Тие го живеат животот според сопствени правила, упорни се и имаат силни и длабоки емоции, а кога станува збор за книги не сакаат залудно да си го губат времето и избираат четива што ќе успеат да им го задржат вниманието од првата до последната страница.

За нив се најзабавни трилерите и книгите со голем број пресврти.

Затоа одлично би било да го земат романот: „Менталист“ – Камила Лекберг и Хенрик Фексеус

Приказната започнува кога полицијата ќе најде тело на мртва девојка во кутија прободена со ножеви, а убиецот ќе го добие името Худини.

Дали се работи за неуспешно извршен магионичарски трик или свирепо убиство?

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-02_copy.jpg

Бик

Тоа се луѓе што уживаат во комфор и удобност и за нив читањето треба да претставува целодневно искуство.

Имаат добар фокус и затоа уживаат да читаат и нефикционални книжевни дела, но уживаат и во романтични приказни, кои во себе имаат некое подлабоко значење и ќе ги натераат да размислуваат.

Затоа за нив одлична би била книгата: „Лекции по хемија“ – Бони Хармус

Приказната е за хемичарката Елизабет Зот, која се труди да изгради кариера во 60-тите години на минатиот век, кога од жените се очекува да бидат само мајки и домаќинки и за нејзиниот колега Калвин Еванс, кој се вљубува во нејзините генијалност и остроумност.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-03.jpg

Близнаци

Кога ќе успеат да земат одмор од постојаните дружења и комуникации, сакаат да се опуштат со добра комедија, исполнета со досетливи разговори и шеги, кои ќе им помогнат да имаат идеи за следните дружби во кои треба да бидат „животот на забавата“.

Одличен избор за Близнаците е: „Фатени во љубовна мрежа“ – Теса Бејли

Фокс Тронтон е казанова во своето мало гратче, кој ужива во авантурите за една ноќ, сѐ додека не ја запознае Хана Белинџер која доаѓа со филмска екипа во градот и се сместува во неговата слободна соба.

Хана одолева на неговиот шарм, а тој прифаќа да бидат само пријатели, без да сфатат дека и двајцата постепено сѐ повеќе се заплеткуваат во љубовната мрежа.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-04.jpg

Рак

Важат за најемотивните луѓе во Зодијакот, кои знаат како да се преправаат дека се во ред кога не се. Тие најдобро ги разбираат емоциите, па затоа често се големи љубители на поезијата или на книгите што поттикнуваат носталгија.

Одличен избор за нив би била книгата: „Споменот на него“ – Колин Хувер

Приказна за Кена Роуан која по петгодишна затворска казна заради грешка од минатото се враќа во градот каде што се случила трагедијата и се обидува да добие втора шанса да го изгради односот со својата 4-годишна ќерка.

Сите се обидуваат да ја спречат Кена да стапи во контакт со ќерка ѝ, освен Леџер Ворд, сопственик на локален бар, кој станува мошне важен дел од нејзиниот живот.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-05.jpg

Лав

Храбри и бестрашни, ова се некои од најљубезните, најмотивираните и најинтересните луѓе. Тоа се луѓе што сакаат да бидат во фокусот на вниманието, па затоа им се допаѓаат книги во кои главните протагонисти се подеднакво храбри како нив.

Им препорачуваме да го земат романот: „Кирка“ – Мадлин Милер

Нова верзија на приказната за волшебничката Кирка, еден од споредните ликови во „Одисеја“ на Хомер.

Феминистичка верзија на приказната за втората жена на Одисеј, која е прогонета на пуст остров, и која успева од него да создаде сопствено царство.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-07.jpg

Девица

Важат за „мозокот“ во Зодијакот. Тие се перфекционисти, ориентирани на деталите, а најмногу од сѐ сакаат добар план.

Затоа им се допаѓаат книги во кои главните ликови се мошне мотивирани и работат напорно за да го постигнат тоа што го сакаат.

Брзо ќе ги освои романот: „Со љубов од Лондон“ – Сара Џио

Приказна за библиотекарката Валентина Бејкер, чијашто мајка ја напуштила и побегнала во Лондон.

По смртта на мајката, Валентина ќе го наследи станот на нејзината мајка во Лондон и нејзината книжарница.

Таа ќе се најде во ситуација во која ќе мора да ја спаси книжарницата, а полека ќе почне да ги дознава тешките и болни вистини кои со години биле чувани во најголема тајност.

koja-kniga-treba-da-ja-prochitate-sledna-spored-horoskopskiot-znak-06.jpg

Уште шест знаци на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
Три книги за моќни жени што ќе ви го задржат вниманието до последната страница Жените кои се бореле против себе, против општеството, кои биле потиснувани, а по...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...
3 предлог книги од Милан Кундера, што секој интелектуалец треба да ги прочита „Шега“ е првиот роман на Кундера инспириран од случувањата во неговиот приватен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg