Популарни книги за самопомош, што целосно ќе ви го променат погледот на бизнис светот

Три книги што се наменети за оние што сакаат да напредуваат во бизнисот, а на кои им е потребно целосно да си ја променат перцепцијата за да постигнат успеси.

popularni-knigi-za-samopomosh-shto-celosno-kje-vi-go-promenat-pogledot-na-biznis-svetot-01.jpg

Како да заборавите на класичното работно време од 9 до 5 и да можете да живеете каде сакате, но да немате финансиски проблеми?

Како да преговарате без да мора да прифаќате компромиси и како да си го промените целосно пристапот кон парите?

Овие три книги ќе ви дадат детален увид во некои од овие прашања и целосно ќе ви ја променат перцепцијата кон светот:

„Никогаш не прифаќај компромис“ – Крис Вос

Поранешен ФБИ агент кој бил задолжен за преговарање со терористи и криминалци, ви дава сосема поинаква слика за тоа што значи да се преговара.

Ќе сфатите дека сè што претходно сте научиле за преговорите е погрешно: вие не можете да бидете разционални во тие мигови; не постои нешто што може да се нарече „фер“, а компромисот е нешто најлошо што можете да го постигнете.

Вистинската уметност на преговорите е во тоа да знаете во кој миг и какви последици ќе ви донесат одговорите „Да“ и „Не“.

Овие тактики не се креирани низ проучувања во училиница, туку на терен во мошне опасни ситуации, кога голем број човечки животи зависеле од вистинските зборови кажани во вистинското време.

popularni-knigi-za-samopomosh-shto-celosno-kje-vi-go-promenat-pogledot-na-biznis-svetot-02.jpg

„Ти си ѕвер за правење пари“ – Џен Синсеро

Џен ја споделува својата приказна за тоа како од личност без скршен денар стасала до големо богатство и верува дека може да ви помогне и вие да си ја смените иднината.

Книгата целосно ќе ви ја промени перцепцијата за парите и финансиите – што според неа е клучно за вашиот развој на финансиски план.

Оваа книга ќе ви помогне да ги надминете стравовите и пречките поради кои досега не сте постигнале финансиски успех.

popularni-knigi-za-samopomosh-shto-celosno-kje-vi-go-promenat-pogledot-na-biznis-svetot-03.jpg

„Четиричасовна работна недела“ – Тимоти Ферис

Ова е одлична книга за сите оние што размислуваат да побегнат некаде далеку, да работат од било кој дел на светот и да ги делегираат задачите на виртуелни помошници.

Како да успеете да водите опуштен живот, во доба кога времето е пари, а миговите на среќа и задоволство сè повеќе ни се ограничени.

Како да заборавите на класичното работно време од 9 до 5 и да можете да живеете каде сакате, но да немате финансиски проблеми? Оваа книга ја крие тајната за тоа.

popularni-knigi-za-samopomosh-shto-celosno-kje-vi-go-promenat-pogledot-na-biznis-svetot-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава