Три морничави трилери, за љубителите на хорор приказни

Двајца инспектори кои сосема случајно ќе бидат вовлечени во мистериозни случаи, и една стјуардеса која одеднаш ќе се најде среде невозможна мисија. Три различни трилери со различни приказни, кои подеднакво може да „ве залепат“ за столчето.

tri-mornichavi-trileri-za-ljubitelite-na-horor-prikazni-01.jpg

Ако сте од оние читатели на кои им е потребна доза адреналин и неизвесност, овие три трилери ќе ви го дадат тоа што ви е потребно.

Ќе ве држат будни до доцна во ноќта и нема да имате мир додека не дочитате што се случува во нив.

Кои морничави трилери ви препорачуваме да ги прочитате?

„Верувај ми“ – Андерс Рослунд

Ако досега не сте прочитале некој од романите на Рослунд, овој роман ќе ве натера да одвоите време за сите негови дела коишто се преведени на македонски јазик.

Станува збор за возбудлив трилер, во кој главната улога ја има инспекторот Еверт Гренс.

Тој за првпат по 30 години верува дека може да биде среќен, затоа што запознал момче кое го нарекува „дедо“ и жена за која сака да се дотерува, но во еден миг сè ќе се промени.

Тој одеднаш ќе се најде во светот на смртоносни инјекции, трговија со бело робје, киднапирања, а романот кулминира со убиството на блиската личност на инспекторот.

tri-mornichavi-trileri-za-ljubitelite-na-horor-prikazni-02_copy.jpg

„Заложници“ – Клер Мекинтош

Дали е поважно да спасиш стотици други животи, или, пак, животот на личноста што ти значи најмногу во животот?

Ова е дилемата со којашто ќе се соочи стјуардесата Мина.

Таа е дел од екипажот на авионот кој лета 20 часа од Лондон до Сиднеј, но не може да се сконцентрира на работата затоа што се чувствува виновна заради тоа што морала својата ќерка со посебни потреби, да ја остави со сопругот со кого бракот ѝ „виси на конец“.

Но, само што ќе полета авионот, Мина добива заканувачки пораки од личност присутна во авионот, која е одлучна патниците да не стигнат на својата дестинација и знае како да ја натера стјуардесата да му помогне.

Мина може да здивне заради фактот што барем ќерка ѝ е безбедна, со таткото полицаец. Или, пак, не...

Станува збор за роман во кој од страница до страница напнатоста станува сè поголема, а е полно со дејствија и непредвидлив крај.

tri-mornichavi-trileri-za-ljubitelite-na-horor-prikazni-03.jpg

„Правило против убиство“ - Луиз Пени

Главниот инспектор Арманд Гамаш и неговата сопруга Рен-Мари ја слават годишнината од бракот во луксузниот изолиран хотел каде што доаѓале со години наназад, а којшто се наоѓа во близина на селото Три Пајнс.

Но, тие не се сами. Ним им се придружува богатото, семејство Фини, кое исто така дошло да ја прослави годишнината, заедно со своето семејство.

Двата пара се трудат да се држат подалеку едни од други, сè додека по една летна бура не биде најдено безживотно тело.

Инспекторот има нова задача, а тоа е да го најде убиецот. Попатно, ќе открие и долго закопани семејни тајни, но и омраза скриена зад љубезноста.

tri-mornichavi-trileri-za-ljubitelite-na-horor-prikazni-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Три трилери кои задолжително треба да ги прочитате во септември Аутистично момче (5) преку своите цртежи дава траги за убиство; жена се обидува ...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...

Најчитани неделава