Три божиќни книги кои ќе ве расположат во празничните денови

Замислете си ја следнава идилична слика - надвор студи и врне снег, а вие сте дома, под меко ќебе, со топло кафе во раката, читате убава книга... Исто како во божиќен филм. 

tri-bozhikjni-knigi-koi-kje-ve-raspolozhat-vo-praznichnite-denovi-01.jpg

За љубителите на пишаниот збор, овој пат имаме три-предлог книги со божиќна тема, кои, веруваме, ќе ве опуштат и расположат во празничните денови.

Дури и да немате многу време за читање, ако почнете една од овие книги, нема да сакате да ја оставите додека не ја прочитате и последната страница.

Што да читате за празниците?

„Божиќна романса“ - Катрин Волш

Моли и Ендру се долгогодишни пријатели кои се обидуваат да стигнат дома во Ирска за Божиќ. Но, поради страшно невреме, летот им е откажан.

Помеѓу Моли и Ендру никогаш не се случило ништо романтично.

Но, еднаш годишно, во последните 10 години, тие поминуваат 7 часови и 15 минути заедно, додека седат еден покрај друг на летот од Чикаго за Даблин.

Моли не сака Божиќ, Ендру го обожава.

Па и покрај сите разлики што ги делат, Божиќ во Ирска со семејството е традиција од која ниеден од нив не сака да се откаже.

Затоа, Моли почнува да кова планови како да го одведе Ендру дома и да стигне на време за божиќната вечера со мајка му.

На патот кој ги води од САД до Ирска, иако се сигурни дека не им е судено да бидат заедно, Моли и Ендру почнуваат да се гледаат со други очи. Можеби вселенета за нив има други планови?

tri-bozhikjni-knigi-koi-kje-ve-raspolozhat-vo-praznichnite-denovi-03.jpg

„Божиќен камп“ - Карен Шалер

Хејли Хенсон го мрази Божиќ. За неа идеален Божиќ е оној поминат на Карибите, без сите традиционални обичаи и настани.

Таа со години го жртвува личниот живот додека се искачува на сè повисоки позиции во престижна рекламна агенција во Бостон.

А бидејќи сака да стане партнер во фирмата, мора да склучи голем договор со компанија која произведува божиќни играчки.

Нејзиниот шеф смета дека Хејли треба да си го смени ставот кон празникот и затоа ја праќа во Божиќниот камп, место кое треба да ѝ помогне да го прифати празничниот дух.

А во кампот, Хејли го запознава Џеф, згодниот син на сопственикот. Меѓу нив се раѓа привлечност, но Хејли пробува да се фокусира само на работата.

Но, откако ќе се опушти, таа и Џеф почнуваат да се зближуваат, сè до оној момент кога Џеф ќе дознае дека Хејли смислила план како да му помогне на неговиот татко да го спаси кампот кој има парични проблеми, а кој Џеф сака да го продаде.

tri-bozhikjni-knigi-koi-kje-ve-raspolozhat-vo-praznichnite-denovi-04.jpg

„Венчавка во Божиќниот камп“ - Карен Шалер

Оваа книга е продолжение на „Божиќен камп“.

Хејли Хенсон конечно станува партнер во рекламната агенција, па едвај наоѓа време да ја испланира венчавката со Џеф, која треба да се случи на Бадник.

Нивната совршена локација пропаѓа во последен миг, така што тие мора да бараат друго место за свадбата.

А бидејќи се празници, секаде е преполно и резервирано.

Затоа на Хејли и Џеф им останува местото каде што се запознале – во Божиќниот камп.

Одморалиштето брзо се претвора во зимска бајка, а напомош доаѓа Триша, жена која работи како планер на свадби, а која му е поранешна девојка на Џеф.

Минатото меѓу Џеф и Триша се заканува дека ќе ѝ застане на патот на среќата на Хејли...

tri-bozhikjni-knigi-koi-kje-ve-raspolozhat-vo-praznichnite-denovi-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...

Најчитани неделава