Промоцијата на вториот роман на 23-годишниот писател Павел Миленковски – Рогоз

На 5 февруари 2024 година, Домот на млади во Штип беше домаќин на незаборавна книжевна вечер посветена на промоцијата на вториот роман на младиот 23-годишен писател Павел Миленковски – Рогоз. Тајните на службата. По неговиот успешен деби-роман Поминав, но не застанав (2020), Миленковски уште еднаш ја потврди својата раскажувачка вештина, носејќи на читателите трилер што нема да ги остави рамнодушни.

promocijata-na-vtoriot-roman-na-23-godishniot-pisatel-pavel-milenkovski-rogoz-01.JPG

Настанот привлече над 150 гости – љубители на литературата, пријатели, роднини и ентузијасти за мистерии – кои со голем интерес ја проследија вечерта.

РЕЗИМЕ НА РОМАНОТ

Кога мирниот град Штип ќе биде потресен од две брутални убиства – едно со прецизно подметната бомба, друго со ладнокрвно давење – полицијата останува без траги и одговори.

Младиот инспектор Мартин Кирковски се соочува со случај што го надминува неговото искуство и го турка кон најтемните агли на правдата.
Кога сè изгледа како да оди кон ќорсокак, повторно се појавува човекот чие име уште одекнува низ полициските архиви – Рогоз, пензиониран агент со минато исполнето со тајни што никогаш не биле целосно откриени.

Повикан да ја внесе својата острина и искуство во истрагата, Рогоз ќе мора да се соочи не само со комплексниот ум на убиецот, туку и со сопствените демони од минатото.

Телата се множат, обрачот околу убиецот се стеснува, но прашањето останува – дали решението е навистина толку блиску како што изгледа? Или, пак, оваа истрага ќе го отвори најмрачниот дел од минатото што одамна се сметало за затворено?

promocijata-na-vtoriot-roman-na-23-godishniot-pisatel-pavel-milenkovski-rogoz-02.JPG

КАКО ПОМИНА ПРОМОЦИЈАТА?

Настанот доби посебен шарм благодарение на промоторот, Трајче Кацаров, кој на исклучително професионален и елоквентен начин успеа да ја долови суштината на романот. Неговите зборови го истакнаа талентот на Миленковски за создавање напнати приказни, преплетени со неизвесност и интриги.

На крајот, Павел Миленковски упати голема благодарност до сите што ја поддржаа промоцијата, како и до спонзорите кои помогнаа оваа вечер да биде реализирана.

Со оваа промоција, Рогоз. Тајните на службата не само што доби фантастичен прием кај читателите, туку уште еднаш потврди дека Павел Миленковски е едно од највозбудливите нови имиња на македонската книжевна сцена.

Би можело да ве интересира:

Анита од Берово е криминалист со страст за читање - Има 300 книги, кои пет ѝ се омилени? „Јас сум од генерацијата што немаше телефони, па љубов кон книгите е од почетоко...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
Три книги совршени за читање во дождливите есенски денови Деца се главни ликови во книгите кои би можеле да ги прочитате месецов. А темите...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...

Најчитани неделава