Три мистериозни трилери од нашиот млад автор Александар Николовски

Долго чувана семејна тајна, убиство во бутик за венчаници, огромна измама како спас од уцена - три теми кои се обработени во романите на нашиот млад писател Александар Николовски, а кои сигурно ќе ве заинтересираат.

tri-misteriozni-trileri-od-nashiot-mlad-avtor-aleksandar-nikolovski-01.jpg

Александар Николовски од Велес е дипломиран инженер по информатички науки и професор по математика.

Но, тој е и голем љубител на пишаниот збор, толку голем, што не само што чита, туку и пишува книги - проза и поезија.

Неговите книги се најмногу од жанрот трилер и мистерија.

Токму затоа, денес ви препорачуваме три негови дела кои можете да ги прочитате:

„Џокер во покер“

Каролина, 34-годишна графичка дизајнерка, се наоѓа во јазол помеѓу својот неодамнешен развод, битката да биде што подобра мајка на 5-годишниот син Адам и коцкарската зависност.

Таа се обидува да води нормален живот како самохрана мајка сè додека не почне да добива анонимни фотографии во своето поштенско сандаче, а еден коцкарски долг не ја принуди на драстичен чекор - да го исценира киднапирањето на сопствениот син за да го заштити и да дојде до парите за да го исплати долгот.

Но, работите излегуваат од контрола кога Адам навистина исчезнува, а таа и нејзиниот поранешен сопруг мора да ги здружат силите за да го пронајдат својот син, не помислувајќи дека тоа ќе ги заплетка во мрежата на нечија одмазда.

55384917.jpg

„Невеста од соништата“

На последниот ден од својата служба во полицијата, наместо да се подготвува за долгоочекуваното пензионирање, инспекторот Гораст Николов се соочува со грозоморно злосторство што го потресува целиот град - млада девојка е убиена во бутик за венчаници во глуво доба од ноќта.

Заедно со својот партнер, Гораст се впушта во жестока истрага и потрага по убиецот, паралелно навлегувајќи зад навидум совршениот живот на семејството Стравински, во чија сопственост е бутикот во кој е пронајдена жртвата.

Многу делови од сложувалката недостасуваат и работите дополнително се комплицираат кога еден скриен тестамент неочекувано се испреплетува со истрагата.

52480493_copy.jpg

„Страв од вистината“

Маја, млада девојка со уметничка душа живее растргната помеѓу темните сенки од рамнодушноста на својот татко Кристијан, сè поголемите чудни илузии во нејзината глава наметнати од нејзината психички пореметена баба Зорица и спомените од својата прерано почината мајка.

Не поминува ни ден, ниту ноќ, а таа да не си го постави прашањето што толку одамна ја измачува, всушност откако знае за самата себе - зошто еден татко не би ја сакал својата единствена ќерка?

Една од навидум неповрзаните илузии споменати од нејзината баба ќе ја натера да се впушти во жестока потрага по вистината, проследена со исто толкав жесток страв од сè она што би можела да го дознае.

Но, кога ќе открие една навистина шокантна тајна, таа ќе сфати дека некои нејзини прашања е подобро засекогаш да останале неодговорени.

55384978.jpg

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три возбудливи книги кои треба да ги прочитате на почетокот на есента 2025 Садистички сериски убиец кој умешно бега од полицијата, љубовна приказна и прокл...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Три трилери кои задолжително треба да ги прочитате во септември Аутистично момче (5) преку своите цртежи дава траги за убиство; жена се обидува ...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава