3 лесни и страстни романи што ќе ги прочитате во еден здив

Џенифер Пробст ја напишала својата прва книга на 12 години. Ја однела во училиште, им ја прочитала на соучениците и поттикната од нивната позитивна реакција - не престанала да пишува.

3-lesni-i-zabavni-romani-shto-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-01.jpg

Романите на Џенифер Пробст денес се на листата бестселери на New York Times, USA Today и Wall Steet Journal.

Публиката ги обожава, книжевните критичари секогаш се со пофалби.

Токму три нејзини книги се нашиот денешен предлог.

Ако сакате да прочитате некој лесен и забавен роман, а сепак да не можете да го оставите додека не ја прочитате и последната страница - изберете една од нив.

„Почеток од соништата“

Итан Бишоп не е истата личност како порано. Тоа го забележуваат сите откако ќе се врати во долината Хадсон, што некогаш живеел.

Тој е поранешен падобранец на специјалните сили на САД и во животот видел премногу ужаси. Неговите рани не се само на телото, туку и длабоко во душата.

Сега, Итан се враќа на фармата на својата сестра, и се труди својата болка ја држи на дистанца од останатите луѓе. Потребен му е мир и спокој.

Но, сето ова се менува кога во неговиот живот ќе влезе агентката за односи со јавност, Миа Труш.

Миа веднаш влегува во судир со мрачниот Итан. Таа не може да го поднесе, и сè поврзано со него ја иритира - од неговите развиени мускули, преку продорно сините очи, до мирисот на пот и мошус.

Но, како што поминува времето, Итан и Миа откриваат дека имаат заеднички работи, кои полека ги приближуваат еден до друг.

Сепак, ќе можат ли да бидат заедно или нивното минато ќе ја загрози можноста за заедничка иднина?

3-lesni-i-zabavni-romani-shto-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-03_copy.jpg

„Сите патишта водат кон тебе“

Харпер Бишоп има фарма за згрижување малтретирани животни и се грижи за Феникс, коњ со педигре.

Таа посакува го воведе Феникс во светот на коњските трки и со него да освои Тројна круна, но тоа делува невозможно без искуство и стручна помош.

Тренерот на коњи Ајдан О’Конор доаѓа во Америка во потрага по нов почеток, откако се разочарува од големото предавство што го доживеал во родната Ирска.

Уште на првата средба со Феникс, тој знае што треба да прави со него.

Но, не знае што да прави со чувствата што почнуваат да му се развиваат кон Харпер.

И таа не останува имуна на неговата топла насмевка и нежниот допир, но се плаши да му го отвори срцето на човек што нема да остане долго и кој сигурно, на крајот, ќе ја остави во солзи.

Затоа, двајцата се обидуваат да го задржат својот професионален однос и да се фокусираат на тренирање на Феникс и титулите кои се надеваат дека ќе ги освои.

3-lesni-i-zabavni-romani-shto-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-02.jpg

„Крај за паметење“

Офелија Бишоп е вљубена тинејџерка. Заедно со младиот Кајл Кимптон заминува во Холивуд за заедно да ги остварат нивните соништа.

Но, кога Офелија ќе сфати дека на Кајл му е поважна кариерата од нивната врска, таа се откажува од својата амбиција и се враќа дома да го води семејниот пансион.

По некое време и Кајл се враќа во родниот град за да може без притисок да го напише неговото најдобро филмско сценарио, а инспирацијата да ја најде на местото каде што ја сретна неговата прва љубов.

Офелија не сака да му дозволи уште еднаш да ѝ го скрши срцето, бидејќи знае дека тој во секој миг може да се врати во Холивуд и да ја остави.

3-lesni-i-zabavni-romani-shto-kje-gi-prochitate-vo-eden-zdiv-04_copy_copy_copy.jpg

А. Ј. | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ве расположат (а ќе ги прочитате во еден викенд) Некои книги се земаат во рака и тешко е да ги оставите додека не ја прочитате и ...
Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на воз...
Три романтични книги кои треба да ги прочитате до крајот на летото Љубовна измама, невозможна љубов, светска ѕвезда која трага по нормален живот и ...

Најчитани неделава