Три лесни книги кои ќе ве расположат (а ќе ги прочитате во еден викенд)

Некои книги се земаат во рака и тешко е да ги оставите додека не ја прочитате и последната страница. Па ако сакате да најдете нешто лесно за читање, една од овие три книги е вистинскиот избор за вас.

tri-lesni-knigi-koi-kje-ve-raspolozhat-a-kje-gi-prochitate-vo-eden-vikend-01.jpg

Ако сакате четиво што ќе ве држи „будни“ цел викенд, книга со која ќе се расположите и ќе си поминете убаво време во сопственото друштво, ви нудиме избор од три лесни книги.

Од овие два љубовни романи и една книга напишана по вистински настан, сигурно нешто ќе ви го привлече вниманието.

Што да читате овој викенд?

„Венчавка за еден ден“, Кајли Скот

Ни во најлудата фантазија Евелин не може да замисли дека ќе се разбуди во Вегас, мажена за најпосакуваниот маж, кој е позната ѕвезда.

Дејвид е познат музичар, девојките лудуваат по него, но тој ги гледа само како бројка за една ноќ.

Нему никогаш не му паѓа на памет да се заљуби и ожени, сè додека не ја сретне Евелин.

Таа има големи планови за својот роденден, сака да оди во Вегас и лудо да се забавува, но ни најмалку не очекува дека следниот ден ќе се разбуди со секси маж и прстен со голем дијамант на раката, венчана за само еден ден.

Дали тоа е лудост или љубов?

tri-lesni-knigi-koi-kje-ve-raspolozhat-a-kje-gi-prochitate-vo-eden-vikend-04.jpg

„Најпосакуваната гејша“, Минеко Ивасаки

Вистинска приказна за една гејша која станува толку многу популарна што ја бараат претседатели, принцови, па дури и кралици.

Минеко е толку позната гејша што каде и да оди, никој не ѝ наплаќа.

Таа е толку барана што моќници за да ја видат, плаќаат астрономски суми.

Може да го има кој сака, но сепак, избира да биде сама.

Кога принцот Чарлс договара средба со неа, таа не го третира како принц, туку како еден од многуте небитни мажи.

Минеко не само што го одбива принцот Чарлс, туку и предизвикува гнев кај кралицата Елизабета бидејќи и нејзиниот сопругот е восхитен од преубавата гејша...

Минеко има сè што ќе посака: угледен живот, многу пари и брилијантна кариера, но сепак, сака да се повлече.

tri-lesni-knigi-koi-kje-ve-raspolozhat-a-kje-gi-prochitate-vo-eden-vikend-03.jpg

„Десет мали воздишки“, К. А. Такер

Во сообраќајна несреќа, Кејси фатално ги губи своите најблиски.

Барајќи начин како да продолжи понатаму, кога целиот нејзин свет се распаѓа и болката ѝ ја пара душата, вложува натчовечки напори да го закопа минатото и да започне одново со камено срце.

Таа и нејзината 15-годишна сестра Ливи, бегаат вооружени со две автобуски карти од местото каде што некогаш живееја, за да започнат нов живот во Мајами - градот на забавите.

Сместени во станбен комплекс во близина на крајбрежјето, тие започнуваат одново да живеат.

Кога Кејси конечно успева да ја постигне нејзината цел и повеќе нема чувства, нејзиниот оклоп го пробива сексапилниот и неодолив сосед Трент: секоја пора и секое делче од нејзиното тело копнее по него, тој прави да се чувствува како конечно да го зела првиот здив откако долго време била под вода.

И кога таа е убедена дека минатото може да го остави таму каде што припаѓа, дознава дека не е единствената која била скршена.

Навидум совршениот Трент има непростливо минато.

Но, дали минатото на Трент ќе го уништи новоизградениот живот на Кејси и ќе ја врати во задушувачката темнина, или простувањето има моќ да лекува?

tri-lesni-knigi-koi-kje-ve-raspolozhat-a-kje-gi-prochitate-vo-eden-vikend-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава