Одлични книги од Харуки Мураками кои треба да ги прочитате барем еднаш

„Убиството на командантот“ е неверојатна книга за љубовта и осаменоста, војната и уметноста; „Хроника на птицата навивалка“ е приказна која ќе ве натера на длабоко размислување, а „Писател по вокација“ ќе ви открие како работи умот на Мураками додека ги пишува неговите книги...

odlichni-knigi-od-haruki-murakami-koi-treba-da-gi-prochitate-barem-ednash-01.jpg

Харуки Мураками е еден од најпознатите јапонски автори во светот, а неговите романи се постојано на списокот најчитани книжевни дела.

Самиот Мураками е мошне повлечен и срамежлив човек кој својот приватен живот го чува подалеку од очите на јавноста.

Сепак, не крие дека неговата сопруга е таа што секогаш има чест прва да му ги прочита романите, но и да му каже кога треба да престане да ги доработува.

Три од тие романи се наш денешен предлог, доколку веќе не сте ги прочитале, се разбира.

„Убиството на командантот“

По разделбата со сопругата, триесет и нештогодишниот сликар решава да се пресели на планина, и да живее во куќата на еден познат уметник, татко на негов пријател.

Деновите му поминуваат во сликање, готвење, слушање музика на грамофонот и пиење чаша виски навечер.

Но еден ден тој случајно открива чудна слика скриена на таванот и не сакајќи го отвора кругот од мистериозни случувања во кој се вплеткани неговиот мистериозен сосед, едно таинствено ѕвонче, 13-годишно девојче, обидот за атентат на нацистички функционер и страшното подземје.

За да го затвори кругот, уметникот почнува опасно патување за себеоткривање во волшебното подземје.

odlichni-knigi-od-haruki-murakami-koi-treba-da-gi-prochitate-barem-ednash-03-02.jpg

„Писател по вокација“

Книгата е длабоко искрен, личен поглед кон занаетот на пишувањето на еден од најголемите писатели на нашето време.

Читателите преку оваа книга добиваат појасна слика како работи умот на мистериозниот романсиер Мураками и како се обликуваат неговите надреални светови.

Мураками пишува за осамениот и резервиран писател кому никогаш не му е пријатно да зборува за себе.

Навраќајќи се на Кафка, Достоевски и Хемингвеј, размислува за книжевноста и имагинацијата, за книжевните награди и за контроверзната улога на писателот во денешниот свет.

Споделувајќи лични чувства и искуства, Мураками открива како изгледа огнот што ги инспирира творците и нуди свои одговори за тоа што значи да се биде раскажувач, каква е улогата на романот во нашето општество, од која точка животот станува роман, а романот живот.

odlichni-knigi-od-haruki-murakami-koi-treba-da-gi-prochitate-barem-ednash-03.jpg

„Хроника на птицата навивалка“

Овој роман со необична и вознемирувачка атмосфера, се смета за едно од најдобрите дела на Мураками.

Кога младиот Тору Окада ќе ја почне потрагата по избеганиот мачор, а подоцна и по исчезнатата сопруга, тој отвора вистинска Пандорина кутија.

А оттаму излегуваат осамена тинејџерка од соседството, опседната со смртта, проколната куќа со пресушен бунар, амбициозен политичар со морничаво минато и мистериозно влијание, воен ветеран со потресна исповед и две видовити сестри…

Како и во повеќето негови романи, некои мистерии остануваат енигми до самиот крај, но оние кои умеат да читаат меѓу редовите на јапонскиот прислушувач на паралелниот свет и порано ќе ја откријат загатката.

odlichni-knigi-od-haruki-murakami-koi-treba-da-gi-prochitate-barem-ednash-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава