3 книги од Габриел Гарсија Маркес што секој треба да ги прочита (барем еднаш)

„Сто години самотија“ која се смета за ремек-дело на магичниот реализам или „Љубов во време на колера“ – една од најпознатите љубовни приказни во светската литература.

3-knigi-od-gabriel-garsija-markes-shto-sekoj-treba-da-gi-prochita-barem-ednash-01.jpg

Колумбиецот Габриел Гарсија Маркес заслужно се смета за еден од најзначајните писатели на 20-тиот век.

Нобеловецот е задолжен за прославувањето на магичниот реализам и редовно истражува теми како осаменост, љубов, внатрешни конфликти и, генерално, човечката природа.

Иако на моменти тешки за следење, неговите книги важат за дела што секој мора да ги прочита барем еднаш во животот.

А, ако не знаете од каде да почнете, ви предлагаме да им дадете шанса на следниве три:

Љубов во време на колера

„Љубов во време на колера“ претставува една од најпознатите љубовни приказни во светската литература.

Главните ликови се Флорентино Ариса и Фермина Даса кои копнеат да бидат заедно, но нивната љубов останува неостварена.

Таткото на Фермина ја оспорува нивната љубов, па таа се мажи за успешен доктор. Но, пет децении по нивната прва средба, Флорентино одлучува повторно да ѝ изјави љубов на својата сакана.

3-knigi-od-gabriel-garsija-markes-shto-sekoj-treba-da-gi-prochita-barem-ednash-02.JPG

Сто години самотија

„Сто години самотија“ важи за најдобриот роман на колумбискиот писател која му донесе и Нобелова награда за литература.

Дејството следи седум генерации на семејството Буендија кои живеат во измисленото гратче Макондо. Во гратчето се случуваат низа невообичаени настани кои како да не му дозволуваат на семејството да избега оттаму и од несреќите што ги следат.

Книгата ги комбинира реалното и натприродното во стил на магичен реализам каков што само Маркес знае да напише.

Притоа, низ животот на седумте генерации од семејството Буендија, книгата симболично ја отсликува и историјата на Латинска Америка.

3-knigi-od-gabriel-garsija-markes-shto-sekoj-treba-da-gi-prochita-barem-ednash-04.JPG

Есента на патријархот

Како што има изјавено самиот автор, овој роман е „поема за осаменоста која доаѓа со моќта“, а претставува и вид критика на тиранијата и корупцијата.

Дејството се фокусира на вечен, неименуван диктатор (инспириран од низа вистински диктатори) кој е и татко на пет илјади деца, сите добиени од бројни љубовници, кои без трошка љубов минувале низ неговиот харем.

Додека тој има статус на бог и ужива во почитта на другите, неговите мисли го откриваат неговиот очај и осаменоста, заедно со злоделата што ги прави за да си ја задржи моќта.

Верен на својот стил, и оваа книга на Маркес има примеси на магичен реализам, каде што реалноста и фантазијата се преплетуваат.

3-knigi-od-gabriel-garsija-markes-shto-sekoj-treba-da-gi-prochita-barem-ednash-3.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари Во некои ликови ќе се заљубите веднаш, други ќе ви бидат помалку симпатични, но ...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
Три одлични трилери од Далибор Трајковски што се читаат во еден здив Воден од сопственото искуство, дополнето со неговата фантазија, кавадарчанецот Д...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Драгана Стратијева, автор на „Додека кафето не се излади“: „Добивав пораки од жени што не сум ги зап... Во еден момент сфатив дека луѓето не ги паметат зборовите затоа што се убаво нап...

Најчитани неделава