Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“

„Жените“, Кристин Хана

Оваа книга е вистинска емотивна приказна за силата на жените, пријателството и семејните врски за време на војната во Виетнам.

Гренки Мекграт е млада девојка која се пријавува како медицинска сестра во Виетнам. Таму ги запознава Барб и Етел и набрзо стануваат неразделни пријателки.

Заедно се соочуваат со тешкотиите и ужасите од војната, поддржувајќи се една со друга во моменти на страв, болка и независност.

Книгата докажува колку е моќна женската солидарност и како вистинското пријателство може да помогне да издржи сè, дури и кога светот е толку суров.

Многу ми се допадна како Кристин Хана ги прикажува жените, секоја со свои стравови и слабости, но и со огромна храброст и сила.

Она што најмногу ме допре е тоа што книгата ја прикажува војната, не само како физичка опасност, туку и како предизвик за емоционалната и психичка сила на жените.

Приказната е длабока и емотивна, а сцените по враќањето дома се особено потресни бидејќи покажуваат колку е тешко да се најде место во свет што ретко ги цени женските жртви и улоги.

kristina-od-skopje-doma-imam-skoro-700-knigi-chitam-i-po-10-knigi-mesechno-koi-mi-se-omileni-06.jpg

„Под мермерно небо“, Џон Шорс

Историска романса што нè води во 17-тиот век во Индија, во времето пред да се изгради и откако ќе се изгради Таџ Махал.

Преку приказната на принцезата Џаханара, ќерката на императорот Шаџ Џахан, ја следиме љубовта и жртвите што се потребни да се заштити моќта и честа.

Книгата прекрасно ја доловува културната и историската атмосфера на Индија, со живописни сцени, богати детали за архитектурата и животот на царското семејство.

Ова е приказна за љубов што се соочува со сопствени ограничувања, за страст и тајни, за избори кои можат да променат цели животи. Приказна што ме освои уште од првата страница.

Успеав да го почувствувам богатството, величенственоста и сложеноста на царскиот живот.

Џаханара како главен лик, е неверојатно силна, со свои страсти, дилеми и многу големи жртви.

Оваа книга ќе успее да те пренесе во друго место и време, оставајќи белег засекогаш на тебе.

kristina-od-skopje-doma-imam-skoro-700-knigi-chitam-i-po-10-knigi-mesechno-koi-mi-se-omileni-13.jpg

„Крвава месечина“, Катерина Шошко

Трилер што ја истражува мрачната страна на моќта, насилството и неправдата на општеството, на три жртви на семејно насилство кои се обидуваат да се ослободат од влијанието на моќниот бизнисмен и политичар.

Преку нивните очи, ќе го доживееш стравот, стресот и неизвесноста на животот исполнет со закани и предизвици.

Секој лик е толку сложен, со свои слабости, стравови но и со храброст да се бори за сопствената слобода.

Шошко ги истражува сложените морални дилеми, границите помеѓу добро и зло и влијанието на корумпираниот свет врз обичниот човек.

Луна како лик, едноставно, не можам да ја заборавам. Колку е храбра и упорна, и како не се откажува дури и кога сè околу неа изгледа невозможно.

 Ова е приказна за борбата за преживување, храброста да се соочиш со опасностите и за упорноста да се најде правда во свет што е суров, корумпиран и неправеден.

kristina-od-skopje-doma-imam-skoro-700-knigi-chitam-i-po-10-knigi-mesechno-koi-mi-se-omileni-18.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg