Романи од турскиот книжевен мајстор Ахмет Умит, што мора да ги прочитате оваа есен

Мајсторот на детективските романи од Турција, Ахмет Умит, воодушевува со леснотијата со која ги раскажува приказните - поради својот брилијантен ум и начинот на кој ја „замрсува“, а потоа и отплеткува приказната, го нарекуваат и турскиот Агата Кристи. Кои негови романи треба да ги прочитате оваа есен?

romani-od-turskiot-knizheven-majstor-ahmet-umit-shto-mora-da-gi-prochitate-ovaa-esen-01.jpg

Ахмет Умит (65) е еден од најпознатите турски автори на детективскиот роман.

Неговиот прв роман „Магла и ноќ“ е вистинско ремек-дело во детективската книжевност.

На 1 и 2 октомври, познатиот писател беше во Скопје, каде што промовираше два свои романи, во издание на „Антолог“, првпат преведени на македонски јазик.

Токму затоа, наша препорака за оваа есен се детективските книги од Умит - интересни дела кои треба да ги прочитате:

Глас ја сече ноќта

Во напуштеното село, мртвиот чека прочистување, а живите - одговори. Под светлината на полната месечина, едно мало место тоне во сон.

Џип се удира во ѕидот на селските гробишта. Во тишината - гроб без домаќин, празна куќа среде ноќ.

Мртовецот чека прочистување за време на дервишкиот алевитски обред. Тивок сведок на сето тоа станува триесетгодишниот научен истражувач кој е заробен меѓу урнатите идеали и суровата реалност.

Настаните ќе го одведат до срцето на древната вера и до темнината во сопствената душа,  потсетувајќи го на настаните од неговите млади револуционерни денови и последиците од воениот удар на 12 септември 1980 година.

Мистичната атмосфера и напнатоста што растат со секоја страница испишуваат роман кој ја меша духовната потрага со вознемирувачкиот трепет на неизвесноста.

romani-od-turskiot-knizheven-majstor-ahmet-umit-shto-mora-da-gi-prochitate-ovaa-esen-02_copy.jpg

Кога напаѓаат птиците грабливки

Во Истанбул со денови и денови непрекинато врне дожд. Свлечиште предизвикано од дождот открива скелет со куршум заглавен во черепот.

Инспекторот Невзат треба да го открие идентитетот на жртвата убиена пред седум години.

По куса истрага се утврдува дека куршумот е испукан од неговиот пиштол. Она што е необично е дека тој ниту го познава човекот ниту се сеќава дека го убил.

Зошто би убил некого што не го познава? Како што истрагата напредува, откриваат дека убиениот не само што бил полицаец туку и дека се познавале со Невзат.

Сепак, кога се случило убиството, тој бил во болница бидејќи ги изгубил сопругата и ќерката во експлозија.

Физички и психички слаб, едвај преживувал – а не, пак, да убие некого. Но доказите зборуваат поинаку.

Додека се соочува со корумпирани полициски шефови и се судира со мафијашки групи од целиот Балкан, го прогонува едно исто прашање…

romani-od-turskiot-knizheven-majstor-ahmet-umit-shto-mora-da-gi-prochitate-ovaa-esen-03_copy.jpg

Уште 3 книги на следната страница...



Би можело да ве интересира:

3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Каролина - книга на англиски јазик, Лила - лесен роман: Што читаат познатите Македонци во лето 2025?... Што читаат Каролина Гочева или Ивона Јо ова лето? Погледнете кои книги ги сподел...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg