Романи од турскиот книжевен мајстор Ахмет Умит, што мора да ги прочитате оваа есен

Мементо за Истанбул

Мртво тело со античка монета во дланката е пронајдено покрај споменикот на Ататурк во стариот дел на Истанбул.

Но тоа нема да биде единствжената жртва и наскоро зачнува потрагата по убиецоит.

Инспекторот Невзат и помошниците ги бараат убијците што грабнуваат луѓе, им го сечат гркланот, ги изложуваат на места со туристичко значење за Истанбул, а во дланките им оставаат парички од историскиот период кон кој сакаат да го насочат вниманието.

Интересно е што секоја жртва ја поставуваат така што ќе покажува во правец кон местото каде што ќе ја најдат следната.

И, при сето тоа, не оставаат ни најмала трага.

Оваа приказна го води читателот на патување низ во времето.

Седум убиства, седум владетели, седум монети и седум историски споменици, поврзани преку историјата на еден од најтаинствените и најимпресивни градови во светот.

romani-od-turskiot-knizheven-majstor-ahmet-umit-shto-mora-da-gi-prochitate-ovaa-esen-03.jpg

Крикот на ластовицата

Книгата го поставува прашањето дали е поопасен сериски убиец што убива педофили или е поопасен човек што, додека во светот се случуваат вакви нешта, ја гледа само својата удобност и останува рамнодушен?

Цел на серискиот убиеc Мижачот се педофилите. Секогаш ги убива со ист ритуал.

Ги носи силувачите на места што се поврзани со деца и покрај нив остава играчка. Покрај тоа, им ги врзува очите со кадифен превез и им пресекува дел од десното уво.

Поради ова го нарекуваат Мижачот. Пред неколку години имало слични случаи, но убиецот не бил фатен.

Сега, кога тимот на началникот Невзат доаѓа на местото на злосторството, од глетката заклучува дека Мижачот повторно се вратил.

Жртвата е педофилот што претходно се обидел да ја заведе и ќерката на началникот, пред таа и мајка ѝ да загинат во вооружен напад.

Поради сето ова, случајот станува почувствителен.

romani-od-turskiot-knizheven-majstor-ahmet-umit-shto-mora-da-gi-prochitate-ovaa-esen-04.jpg

Магла и ноќ

Ова е првиот турски детективски роман што се здоби со пофалбите на критиката за литературен квалитет.

Службеник во разузнувачката служба на Турција ја бара Мине, која мистериозно исчезнала.

Седат ги користи сите расположливи средства за да ја најде својата многу помлада љубовница, поврзувајќи ги во едно Аријаднино клопче личните и професионалните амбиции и потреби.

Но, крајот на конецот ќе го доведе до еден шокантен заклучок.

romani-od-turskiot-knizheven-majstor-ahmet-umit-shto-mora-da-gi-prochitate-ovaa-esen-02.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Каролина - книга на англиски јазик, Лила - лесен роман: Што читаат познатите Македонци во лето 2025?... Што читаат Каролина Гочева или Ивона Јо ова лето? Погледнете кои книги ги сподел...
3 книги за силни жени во арапскиот свет - интригантни приказни што мора да ги прочитате Две жени во Иран се борат за женските права; Американка која се мажи за Иранец и...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg