Шест љубовни романи, идеални за сите непоправливи романтичари

„Скандалозни страсти“, Елизабет Хојт

Може ли еден гусар да разбере дека вистинското богатство лежи во срцето на една жена?

Сајланс Холингбрук е сиромашна, убава и љубезна дама – и пред девет месеци направи страшна грешка.

Побара помош од гусарот за да си го спаси мажот и притоа се согласи на спогодба што ќе ја чини брак.

Таа ноќ беше толку многу повредена што дури остана во сиропиталиштето во кое му помагаше на својот брат Винтер.

Но, нејзиниот мир имаше краток рок на траење. „Шармантниот“ Микеј О’Конор е најнемилосрдниот гусар во Лондон.

Тој е неодоливо привлечен и интелигентен и успеа да се пробие на врвот на лондонското подземје. Кога неговата вонбрачна ќерка, чија мајка е умрена, ќе му ја остават за да се грижи за неа, Микеј не може да одолее на поривот детето да го остави на куќниот праг на Сајланс…

shest-ljubovni-romani-idealni-za-site-nepopravlivi-romantichari-05.jpg

„Лето во Тоскана“, Лори Нелсон Спилмен

Полина Фонтана е жизнерадосна старица која со години е отуѓена од своето американско семејство.

Но сега ги поканува своите правнуки Емилија и Лучана да ја придружуваат на патувањето во нејзината родна Италија.

Им ветува дека на нејзиниот осумдесетти роденден ќе ја сретне љубовта на својот живот на скалите од катедралата Равело и ќе стави крај на проклетството што ги следи сите второродени ќерки во семејството Фонтана.

Проклетството веројатно е само обична случајност, древен мит.

Сепак, неоспорно е дека со векови, ниту една второродена ќерка во семејството Фонтана не пронашла љубов.

Што би се случило ако се растури клетвата? Дали Емилија и Лучана ќе успеат да ја најдат својата вистинска љубов?

Покрај кривулестите венецијански канали, на тосканските полиња и во волшебните селца на брегот на Амалфи, расцветуваат романси, се остваруваат судбини и се откриваат долго чувани семејни тајни - тајни кои се повознемирувачки од проклетството старо со векови.

shest-ljubovni-romani-idealni-za-site-nepopravlivi-romantichari-06.jpg

„Шпанска љубовна измама“, Елена Армос

Каталина Мартин има голем проблем. Благодарение на една мала издрдорена лага, сега целото нејзино семејство мисли дека е лудо вљубена во своето момче.

Шармантен Американец… кој всушност не постои! Па затоа брзо мора да најде човек што е подготвен да го премине Атлантикот и да го глуми нејзиниот совршен партнер.

Некој што не е Арон Блекфорд - нејзиниот висок, синоок и надмен колега чија животна цел е да ја вади од такт.

Таа е убедена дека тој е последната личност на светот којашто би прифатила да ѝ помогне, но сепак, самиот ѝ се нуди да ја извади од непријатната ситуација.

Свадбата наближува, а нејзиниот поранешен свршеник и неговата нова девојка се на списокот со гости, па Каталина станува сè поочајна.

Има само две опции - да ја признае лагата или да го прифати предлогот на неподносливиот колега.

Три дена, една лажна врска и маж кој можеби и не е толку лош надвор од канцеларијата…

shest-ljubovni-romani-idealni-za-site-nepopravlivi-romantichari-07.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Лесни љубовни романи, совршени за опуштање на плажа Викенд на плажа? Секако! Уште ако покрај себе имате добра книга - уживањето ќе е...
4 одлични романи од српската писателка Зорана Шулц, посветени на силни жени Во една од книгите, главна хероина е самата авторка, а читателите ги води на воз...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...
3 книги за фатална љубов, кои ќе ве вратат во времето на најголемите книжевни класици Фатална љубов за мажена жена и младиот љубовник, приказна за скептичен 40-годише...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg