Софија Јанева (32) е дел од книжевен клуб во Скопје: „Се собираме еднаш месечно, секој член може да предложи книга за читање“
Домашната библиотека моментално брои скоро 70 книги, но постојано расте.
Најчесто купувам странска литература, но со задоволство читам и книги од македонски автори.

Читам во просек по две книги месечно.
Пред да станам мајка успевав да прочитам и по три или четири книги месечно, но и сега се трудам секогаш да најдам време за читање“.

Книжевниот клуб постои околу четири месеци и искрено не очекував дека ќе расте толку брзо.
Во моментов брои 35 членови и секој месец ни се приклучуваат нови љубители на книгите.

Се собираме еднаш месечно, а најубавиот дел е што сите заедно го креираме клубот.
Книгите што ги читаме ги избираме со гласање, па секој има можност да предложи наслов и да учествува во изборот.
Тоа создава чувство дека сите сме дел од приказната, а дискусиите секогаш се интересни бидејќи читаме различни жанрови и секој носи свое гледиште.

Покрај разговорите за книги, клубот стана место каде што се создаваат нови пријателства и каде што луѓето можат да одвојат време за себе, да споделат мислења и да запознаат други кои ја делат истата љубов кон читањето“.
