Забранетата книга на Михаил Булгаков

Доколку со голем интерес ги читате книгите на писателите кои направиле голем престврт во литературата, тогаш не пропуштајте да ја прочитате “Мајсторот и Маргарита”.

zabranetata-kniga-na-mihail-bulgakov-01

Доказ дека “ракописите не горат” е токму оваа книга на Булгаков, која ја напишал пред неговата смрт. Иако, на почетокот истата била забранета, сепак во 1966та година, точно шеснаесет години по смртта на Булгаков, првото издание се објавува во Западна Европа.

Книгата се состои од два дела “Книга I” и “ Книга II”, а во неа се испреплетуваат три приказни, кои се меѓусебно поврзани.

Приказните ве вовлекуваат во еден несекојдневен преплет и чудесна фантазија од која ќе се “разбудите” на самиот крај на книгата. Оваа книга крие многу повеќе, преку неа Булгаков всушност ја раскажува сопствената приказна за неговите забранети книги.

Читајќи ги приказните ќе станете сведоци на црни маѓии, фалсификување банкноти, разголени и излудени луѓе преполни со самодоверба.

Многумина велат дека Булгаков, прерано ја доживеал својата смрт, бидејќи во романот ќе наидете на недовршени делови, но интересно е тоа што токму тие недовршени делови го даваат најголемиот шарм во “Мајсторот и Маргарита”.

 Ова е еден од оние романи, кој ќе побуди во вас различни чувства. Па така, на момент ќе ве насмее, расплаче, разлути, успокои, разнежни и ќе ве држи во неизвесност во тек на целото читање.

За овој роман велат дека е “ѓаволски” добар, и ви одговара на прашањето- зошто не треба да разговарате со непознати.  Но, за тоа ќе ве оставиме да открите сами откога ќе ја прочитате книгата.

Покрај тоа, овие 4 цитати од “Мајсторот и Маргарита” вреди да ги запаметите:

“Магијата, се знае, штом еднаш ќе започне ништо не може да ја запре”

“ Ме погледна зачудено, а јас изненадно и сосема неочекувано сфатив дека целиот свој живот ја сакам токму таа жена”

“Сфатете, јазикот може да ја сокрие вистината, но очите никогаш”

“Ако не постои документ, тогаш не постои ни човек”

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 одлични книги по кои се снимени хит-серии и мора да ги прочитате Прочитајте ги овие одлични дела и дознајте колку филмската адаптација се разлику...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...
Три еротски романи кои ќе ви ја зовријат крвта (мора да ги прочитате) За љубителите на љубовните приказни, дополнети со малку еротика, овој пат имаме ...

Најчитани неделава