4 криминалистички романи од Агата Кристи кои ќе ве освојат со својот заплет

Доколку немате слушнато сè уште за неа, време е да ја запознаете Агата Кристи, една од најпознатите и најдобрите писателки.

4-kriminalisticki-romani-od-agata-kristi-koi-ke-ve-osvojat-so-svojot-zaplet-1

Агата Кристи позната под псевдинимот Мери Вестакот и е Британката која го освои светот со мистериозните, најчесто криминалистички романи кои ве заробуваат во својот заплет, а водушевуваат со крајот.

Ова се 4 од тие романи кои ќе ве остават со отворена уста и ќе ве натераат да ги прочитате повеќе пати.

1. „Куќата на злото“

Љубовна приказна во која се случува убиство на дедото на зетот, односно сопругот на англичанката Софија. Таа заедно со нејзиниот сопруг ќе направи сè за  да дознае кој го убил нејзиниот сакан дедо, но при таа нивна истрага на површина ќе излезат многу други неоткриени тајни и мистерии во семејството...


2. „Отворени карти“

Едно убиство, четири можни убијци при играње бриџ. Заплет кој само Агата Кристи може да го смисли и да го отплетка на фасцинантен начин. Убиецот на крајот се открива според неговиот стил на играње бриџ, а кој е тој откријте сами.


3. „Третата девојка“

Млада девојка од Лондон ќе започне да се гледа со сомнителен маж, а веднаш после започнувањето на нивната врска таа исчезнува. Во тој момент започнува заплетот и мистериите во него кои ќе ве освојуваат со секоја следна завртена страница.


4. „Убиството во Ориент Експрес“

Не кажале залудно дека најдоброто секогаш се остава за на крај. „Убиството во Ориент Експрес“ ќе ве освои со својот заплет во кој се раскажува за убиство во воз во кој секој патник ќе изгледа како потенцијален убиец. Кој ќе биде вистинскиот, дознајте сами!

Би можело да ве интересира:

3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Напнати трилери од Тес Геритсен кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Љубителите на криминалистичките приказни сигурно слушнале за Рицоли и Ајлс - дет...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Љубица од Гевгелија има библиотека со над 500 книги - Кои три ѝ се омилени? „Првите книжевни солзи ги пролеав читајќи ја 'Колибата на чичо Том'. Моето детск...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...

Најчитани неделава