5 книги на Ден Браун кои мора да ги имате во домашната библиотека

Познатиот американски писател на трилери, Ден Браун кој го освои светот со своите книги е еден од најдобрите писатели во историјата на писателството.

5-knigi-na-den-braun-koi-mora-da-gi-imate-vo-domasnata-biblioteka-1

Како доказ за тоа се овие 5 негови книги кои мора да ги имате во својата домашна библиотека, бидејќи верувајте ќе посакате да ги прочитате повеќе од еднаш.

„Точка на измама“

Совршен роман во кој се испреплетуваат историја, политика, романтика, модерно и суптилно на едно место.

Сето тоа во една приказна за шокантна измама која во книгата делува како контраверзна закана за светот, а за што се работи точно, дознајте сами.


„Загубениот симбол“

Еден од неговите најдобри романи е токму овој. Мистеријата која ќе ви ги зароби очите до последната страница, а можеби ќе ви отвори нов поглед кон светот, сè уште непознат за вас.


„Инферно“

Во оваа книга се раскажува за брилјантниот научник кој докажал дека за да се спаси човештвото од скоро 8 милијарди луѓе, потребно е да се убијат половина од нив.

Дали вие би дозволиле тоа да се случи после неговите објаснувања е прашањето на Ден Браун кое ќе ве натера да се замислите.


„Ангели и демони“

Трилер - акција кој нема да ве остави рамнодушни со својот заплет. Изгубени симболи, древни тајни братства, белези, катедари и што уште не во стилот на Ден Браун собрани во оваа книга која вреди да се прочита.


„Кодот на Да Винчи“

Не е потребно да се објаснува ништо во врска со оваа книга, бидејќи е една од најпознатите ширум светот според која е снимен и филм.

Дали она што го пишува Ден Браун во „Кодот на Да Винчи“ е вистина или само плод на неговата фантазија, оставаме на вас да одлучите.

Би можело да ве интересира:

Книги од македонски автори кои мора да ги прочитате до крајот на 2025 Потрага по сериски убиец во Италија; млад брачен пар кој се соочува со морничави...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
Три книги од различни жанрови, кои ќе ве држат „будни“ до последната страница Историска драма за жени затворени во болница за душевни болести во Париз во 19 в...
Ружица од Скопје: „Имам библиотека од 400 книги, читам во автобус на пат кон работа - Кои ми се омил... „Голем удел во мојата љубов кон книгите има библиотекарката од моето основно учи...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава