5 книги кои сите девојки треба да ги прочитаат во своите 20-ти

Во времето во кое живееме како „стотка на час“ тешко е да се пронајде време за да се прочита нешто квалитетно или воопшто да се најде нешто што слободно може да се стави во листата на квалитетно.

5-knigi-koi-site-devojki-treba-da-gi-procitaat-vo-svoite-20ti-01.jpg

И кога ќе пристигне времето да прочитаме по некоја книга на плажа или под клима дома, се одлучуваме за некој евтин „чик лит“ поради кој зажалуваме што не сме побарале препорака.

Зошто да губите време за читање на нешто кое нема да ви се допадне кога можете да уживате во неколку брзи летни книги кои со сигурност ќе ви се допаднат?

Еве 5 брзи предлози:


1. Нему едноставно не си му важна - Грег Берент и Лиз Тучило

Буквално нема правила. Постојат жени на кои им се случило најмалку очекуваното и оние кои остануваат без партнер, без разлика на тоа колку се во потрага по него.

Тука на необичен и духовит начин им е објаснето машкото однесување на девојките како и нивните реакции на одредени ситуации.


2. Малата црна книга на стилот – Нина Гарсија

Моден прирачник за дамите кои сакаат да откријат како да изградат стил со кој ќе изгледаат дотерано и софистицирано во секоја прилика.

Забавна книга која со сигурност можете да ја читате на плажа, која истовремено ќе ве анимира, а и ќе ве опушти и релаксира.


3. Љубов за време на колера – Габриел Гарсија Маркез

Книга за љубовта која ги преминува сите временски граници. Книга за љубовта која никогаш не престанува. Оваа книга ќе ви даде една нова димензија на љубовта без разлика за кого е резервирана.


4. Патот по кој поретко се оди – Скот Пек

„Кога навистина ќе сфатиме дека животот е тежок – кога вистински ќе сфатиме и прифатиме дека е тежок, тогаш тој престанува да биде“.

Ова е една прекрасна книга за психолошкиот, интелектуалниот и духовниот развој која ќе ве натера да размислите за вашиот живот.


5. Мадам Тисо – Мишел Моран

Роман за кој ќе ве натера да погледнете во животот на една од најпознатите скулптори, Мадам Тисо за време на Француската револуција.

Би можело да ве интересира:

Три лесни книги кои ќе ви го задржат вниманието и во најголемите жештини За некои летото е идеално време за читање, на други им е многу тешко да фатат кн...
3 трилери за жени-детективки кои ќе ве држат во неизвесност до последната страница Сериски убиец кој не убива од омраза; детективка која бара мистериозен демнач, а...
Андриана од Битола: „Имав библиотека од 1.000 книги, пола морав да ги раздадам - Кои 5 ми се омилени... „Имам прочитано над 1.000 книги, а уште толку имам на листата. Свесна сум дека н...
3 романи што ќе ве привлечат уште по првите прочитани страници Млада пациентка во кома раѓа здраво машко дете. Таа е феномен или е силувана дод...
Маријана од Скопје: „На 10 години со заштедени 150 денари си ја купив првата книга“ „Мојата домашна библиотека има околу 700, а библиотеката на моите две мали ќерки...
Кристина од Скопје: „Дома имам скоро 700 книги, читам и по 10 месечно - Кои ми се омилени?“ „Уште кога сум била бебе, мајка ми обожавала да ми чита, а штом научив да читам,...

Најчитани неделава