Темната страна на познатите писатели

Сите писатели имаат тајни, без разлика колку се популарни како личности или колку книги имаат напишано, односно продадено. Некои од нив имале чудни навики.

temnata-strana-na-poznatite-pisateli-001.jpg

Сите сме запознаени со писателот Чарлс Дикенс. Неговите дела се уште се дел од елитата, а книгите како „Оливер Твист“ и „Големите очекувања“ станале класика. Тој создавал светови каде што добрите луѓе секогаш биле наградувани за своите дела. Но, вон тој свет, тој всушност сакал да гледа во мртви тела, поради што бил чест посетител на мртовечницата во Париз.

Авторката Луиза Меј Алкот, позната по својот роман „Малите женички“, пишувала приказни за деца со цел да заработи многу пари, па е помалку иронично што во својата книга пишувала за жени кои не сакале да станат богати.

Фамозниот Џ.Р.Р.Толкин, креаторот на трилогијата „Господарот на прстените“ и „Хобит“, станал популарен во 60-те години меѓу хипи движењето. Тие ги сакале неговите дела бидејќи зборувале, меѓу другото, за враќање на природата. Толкин, од друга страна, не ги сакал хипиците, ги сметал за безнадежен и тажен култ.

Џејмс Џојс, ирскиот писател, познат по своите романи „Улис“ и „Даблинци“, и по својот експериментален пристап наречен „состојба на свеста“, бил зависник од секс, а исто така и бил опседнат со својата девојка Нора.

Роалд Дал, еден од најпопуларните и најпродаваните британските автори на сите времиња, пишувал многу класични книги за деца, како што се „Чарли и фабриката за чоколадо“ и „Матилда“. Сепак, тој не започнал со пишување приказни за деца. Неговите рани дела се приказни кои вклучуваат седум-метарски пениси, па дури и во детските книги, постојат теми на насилство и ужас.

Автор: М.А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Романи од турскиот книжевен мајстор Ахмет Умит, што мора да ги прочитате оваа есен Мајсторот на детективските романи од Турција, Ахмет Умит, воодушевува со лесноти...
5 трилери од Крис Картер за детективот Роберт Хантер - романи кои нема да сакате да ги оставите Роберт Хантер е главниот лик во скоро сите книги на авторот Крис Картер. То...
Теодора од Скопје: „Имам библиотека од 600 книги - Кои 5 ми се омилени?“ „Татко ми читаше стрипови, а мајка ми книги. Сѐ уште го памтам првиот пат кога в...
Три книги од „кралицата на романтичните комедии“, Софи Кинсела, што мора да ги прочитате Сите романтични души во животот мора да прочитаат барем една романтична книга од...
На 56 години, Мирјана Сионова од Охрид го стори тоа што многумина само сонуваат – ја издаде својата ... „’Европа нè чека нас‘ е повеќе од книга. Таа е потсетник дека никогаш не е доцна...
3 романи кои раскажуваат приказни за војна, љубов и пожртвуваност Приказна за Првата светска војна во Русија, напнат роман за случувањата во Втора...

Најчитани неделава