Топ 5 книги кои биле забранети во Европа

Забрана, цензура, протести… овие книги го имаат доживеано сето тоа. Постои долга листа на книги и автори кои на стариот континент биле прогласени како револуционери пред своето време, перверзни, анти-политички настроени и сл.

top-5-knigi-koi-bile-zabraneti-vo-evropa-01.jpg

Некои од нив можеби и ја заслужиле оваа етикета. Проценете самите.

Можеби ќе ја пронајдете и вашата омилена книга меѓу овие светски познати наслови.

Мојата борба

Можеби и не е изненадување што оваа книга на познатиот нацистички водач Хитлер се најде на овој список.

Логично, била забранета во некои европски земји и Руската Федерација. Во Австрија било забрането да се печати оваа книга и било нелегално да се поседува или дистрибуира.


Делата на Франц Кафка

Франц Кафка и понатаму останува еден од најголемите писатели на сите времиња, а неговите дела имале големо влијание врз многу други писатели.

По културното востание во Прага во 1968 година, книгите на Кафка биле забранети, како и другите уметнички дела. Со ова тој можел да падне во заборав во историјата, но во Западниот свет и понатаму се читани неговите преведени приказни откако повторно биле објавени во 1989 година.


Храбриот нов свет

Напишана во 1931 година од Алдус Хаксли оваа книга ја отсликува темната и страшната слика на иднината.

Државата контролира сè, децата не се раѓаат по природен пат, туку на фарми за раѓање, а луѓето повеќе ја немаат сопствената судбина во своите раце.

Самиот Хаксли објаснил дека книгата ја напишал како сатиричен одговор на оптимистичките утопии напишани од автори како Х.Г.Велс.

По нејзиното објавување била забранета во Ирска поради анти-семејната и анти-политичката порака.


Лолита

Владимир Набоков веќе имал напишано бројни книги и есеи пред да ја заврши Лолита во 1953 година,  на која има работено пет години.

Набоков бил Русин, но живеел во САД кога се обидувал да ја издаде книгата во пет различни американски издавачки куќи, но никој не бил заинтересиран за објавување на книга која зборува за себе-омраза и несигурен професор по литература кој се вљубува во 12-годишно девојче.

Книгата не била објавена до 1955-та година кога случајно се нашла на масата на една мала издавачка куќа во Париз, позната по објавување на порнографија.

Откако била објавена, веднаш станала бестселер.

Лолита била забранета во Франција. Забраната била иницирана од страна на министерот за внатрешни работи со траење од две години.


Библијата

Во средниот век, Католичката црква трошела голем дел од својата енергија, бидејќи поголемиот дел од населението во Европа било неписмено.

За Европејците кои биле писмени Библијата не била достапна, бидејќи не била напишана на светските јазици. Стариот Завет бил напишан на хебрејски, а Новиот Завет на грчки.

Во средниот век, Библијата била преведена на латински јазик, што значи сè уште била прилично недостапна за обичниот народ.

Во 1559-та година, папата Пиј IV издал декларација во која сите преводи на Библијата на другите јазици се прогласени за забранети есеи. Казната за читање или делење на книгата била смрт.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 возбудливи романи, идеални за на плажа ова лето Ви предлагаме 3 одлични книги што целосно ќе ве вовлечат во сопствениот свет и ќ...
Одржана промоција на два нови романи на авторката Краличин Во просториите на Café Литература во Дајмонт мол на 15 февруари 2024 година со п...
Две книги од Сандра Браун што ќе ве остават без здив Ако сакате да прочитате интересни книги, полни со љубов и трилер заплети, избере...
3 книги идеални за почетокот на есента, кои ќе ве расположат Иако се неповрзани тематски една со друга, единствената заедничка работа на овие...
Три морничави трилери чиј крај ќе сакате што побрзо да го дознаете Ако сте љубител на трилери и приказни со неизвесен крај, овој пат ви препорачува...
3 љубовни романи од Александра Потер кои се читаат во еден здив Британската писателка Александра Потер (52) со години ја воодушевува публиката о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg