Како читањето на книги ви го подобрува животот?

Фикцијата има две намени: првата е читање, поттик и желба да се дознае што се случува понатаму, да се сврти нова страница. Освен тоа, со читање се учат нови зборови, се добиваат нови мисли, идеи и насоки. Зборовите се важни. Луѓето кои не можат да се разберат едни со други не можат да разменуваат идеи и не можат да комуницираат.

kako-citanjeto-na-knigi-vi-go-podobruva-zivotot-001.jpg

Втората намена на фикцијата е градење на емпатија. Кога гледате телевизија, односно филм, вие всушност гледате работи кои се случуваат на други луѓе, додека прозната фикција е нешто што се развива со помош на букви и неколку интерпункциски знаци, а вие самите, со помош на вашата имагинација, го создавате светот и ликовите. Можете да доживеете разни чувства, да ги посетите местата и световите кои не постојат, да бидете некој друг. Емпатијата е алатка која ни овозможува да функционираме како група, а не поединци.

Со читање, исто така, дознавате важни работи кои можат да ви го сменат мислењето и животот. Учите дека светот не мора да биде ваков. Работите можат да бидат различни. Фикцијата може да ви покаже еден поинаков свет. Откако ќе ги посетите другите светови никогаш нема да можете да бидете целосно задоволни со светот во кој израснавте. Но, незадоволството е добра работа, бидејќи потикнува на промена.

kako-citanjeto-na-knigi-vi-go-podobruva-zivotot-002.jpg

Сите ние - возрасни и деца, писатели и читатели, имаме обврска да мечтаеме. Лесно е да се преправаме дека никој не може да го промени светот, дека ние сме само зрно ориз во оризово поле. Но, вистината е дека поединците го менуваат светот, одново и одново, поединците ја создаваат иднината. Тие го прават тоа замислувајќи дека работите можат да бидат различни.

Имаме обврска да создаваме убавина, не смееме да ги оставаме нашите проблеми на следните генерации.

Еднаш го прашале Алберт Ајнштајн на кој начин децата можат да станат повеќе интелигентни.

Неговиот одговор бил едноставен: „Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат поинтелигентни, читајте им повеќе бајки".

kako-citanjeto-na-knigi-vi-go-podobruva-zivotot-003.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 книжевни предлози од македонските инстаграмџики Нашите инстаграмџики често знаат да се пофалат дека читаат одредени книги. Кои с...
3 модерни книги за кои сигурно не сте знаеле дека се инспирирани од Библијата Дали знаевте дека серијалот „Хари Потер“ е инспириран од Библијата? Да проследим...
3 книги за самопомош што вреди да ги прочитате Ако имате анксиозност, негативни мисли кои не можете да ги контролирате, чувству...
„Лејла“ од Колин Хувер и уште 2 одлични напнати книги за летните денови  Лето на плажа и добра книга... Тоа е комбинација која за многумина е вистинско о...
Од траума до триумф: Автобиографија за храброста и верата во човечката сила Издавачката куќа САКАМ КНИГИ на 06.04.2024 (сабота), во 13:00 часот во книжарниц...
За секого по нешто: 3 книги што треба да ги имате на полицата Издвојуваме по една книга за секого: За безнадежните романтичари што сакаат да ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg