„Inklings“ – дружината на имагинацијата

„Inklings“ биле неформална литературна група создадена од книжевни ентузијасти, од раните 1930-ти до 1950-та година, кои го вреднувале раскажувањето и пишувањето на фантастични раскази и романи.

Inklings-druzinata-na-imaginacijata

Друштвото се состоело од исклучиво мажи, на жените не им било дозволено да бидат дел од групата, тие воглавно биле христијани, но често зборувале за филозофија и магија. Тие биле заинтересирани за она што го нарекувале „занес за непознатото“, односно искуства кои го надминуваат материјалниот свет.

Тие верувале дека фантазијата, митологијата и поезијата можат да ни помогнат да доживееме поинакви светови и димензии. Тие биле „романтичари на 20-от век кои се залагале за имагинација“. 

Оваа група ја чинеле пријатели од кои повеќето биле наставници на Универзитетот во Оксфорд. Многу од нив биле креативни писатели и љубители на имагинативната, односно фантастичната литература, најпознатите членови биле К. С.Луис, Џ.Р.Р. Толкин, Чарлс Вилијамс и Овен Барфилд.

Тие се собирале секој вторник (подоцна во понеделник) наутро во различни пабови во Оксфорд, најчесто во „The eagle and the child”.

Луис и Толкин ги поканувале истомислениците да им се придружат во неформалните, друштвени средби во Оксфорд. Постепено овие средби станале регулирани. Покрај веќе спомнатите членови групата ја чинеле и Ворен Хамилтон Луис, Виктор „Хуго“ Дајсон, Адам Фокс, Лорд Дејвид Сесил, Овен Барфилд, Гервасиј Матеј...

Ворен Луис истакнал дека „Inklings“ биле неформален круг на пријатели, a не организиран клуб или литературно друштво.

Златните години на оваа група биле од 1930-та до средината на 1940-та година, кога групата ги читала делата на Џ.Р.Р. Толкин, односно делови од Господарот на прстените на глас, како и Луисовите „Out of the silent planet” и „Perelandra“.

Толкин овие собири ги нарекувал „празници на разумот и протокот на душата“.

Квалитетите на ова друштво не биле првенствено нивните размислувања, туку чувството за литературата која ги обединила, на необичен начин, науката и имагинацијата.

На крајот, како и во Толкиновата книга „Господарот на прстените", групата се распаднала поради ситни кавги. Но, овој неуспех не треба да се гледа како тотален неуспех. „Inklings“ создадоа голем број на дела. Нивната имагинативна визија била и останува, нешто од голема убавина и вредност.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра од Скопје обожава книги од македонски автори, во библиотеката има 600 дела - Кои 5 ѝ се о... „Пасија ми се и книгите и филмовите. А со трендот во последно време, речиси секо...
Нова книга на режисерот Милчо Манчевски промовирана во Италија На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисер...
Три задолжителни книги за сите љубители на научната фантастика Шамански моќи, специјални дарби кои се пренесуваат од колено на колено, тајни св...
Три книги полни со топлина, во кои ќе уживаат и децата и возрасните Ако решите на своите најмили да им ги читате на глас овие книги, тие ќе ве поврз...
„Ова e за моето внатрешно дете кое си ги ставило соништата на пауза“ - Васил Божикалиев за својата н... „Авторот многу добро ја демонстрира линијата што ја разделува „нормалноста“ од „...
„101 порака за убав ден“ – нова книга на Елизабета Арсиќ Во средата на 1-ви октомври 2025 година, во градското кафуле се случи промоција ...

Најчитани неделава